Саинз сениор: Само Алонсо знае за Рено

Фернандо Алонсо знае најдобро што треба околу неговата одлука за враќање на Формула 1 гридот, во фабричката екипа на Рено, смета рели легендата Карлос Саинз, откако беше запрашан да даде свое мислење за евентуално враќање на Нандо на гридот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Овој потег е ризичен за Алонсо, откако Даниел Рикардо замина од тимот во екот на несигурност со финансиите и останувањето во спортот за Рено. Но, французите добија помош од владата вредна 5 милијарди евра за да не ги затворат фабриките. 

Друга гласина која се шири е тоа дека Либерти Медиа се согласиле да му плаќаат на Рено дел од од платата на Алонсо. 

Фернандо има право да одлучи што сака. Би бил среќен да го видам повторно на патеката како го прави најдоброто што знае. Како пријател и навивач ги почитувам неговите одлуки – вели саинз постариот.

Поранешниот колега на Алонсо од Дајтона, Ренгер ван дер Занде смета дека Рено нема шанси да стане шампион наредната година. 

Не гледам дека Рено ќе стане шампион наредната година. Дури и ако вози Алонсо, тоа треба да е тим кој победува. Ќе треба да се докаже.

Откако ја напушти Формула 1 тој возеше на Дајтона, Индикар, Дакар. Не му останува многу избор. Можеби има добра понуда, но не очекувам тоа да се случи.

Разбирам што сакаат луѓето, вакво нешто направи Шумахер, Но тој беше најдобриот, иако тоа не беше случај кога се врати. Мислам дека Алонсо има повеќе да загуби одошто да добие ако се врати. 

НАЈНОВО

Стаинер: Иднината на Хаас не зависи од ограничениот буџет

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека сопственикот на тимот Џин Хаас, ќе одлучи дали да остане или да замине од...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...