- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Саинз се преценил низ тесната шикана

Карлос Саинз прифати дека е виновен за сударот со кој самиот се елиминираше од Руското Гранд При денеска.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Согласно насоките од Директорот за трка, секое неправилно минување низ втората кривина значеше дека мора да се следи одредена патека за враќање на тркачката линија. Саинз уште во првиот круг мина прешироко при борбата со Ленс Строл и сакајќи да се врати на патеката, а при тоа да не загуби време, се заби во ѕидот крај пиканата поставена да ги забави болидите.

сите кои стартуваа на десната страна од гридот имаа слаб старт и додека стигнавме до втората кривина бевме во добра позиција да се бориме на кочење. во тоа време додека минував низ врвот на втората кривина мислев дека имам некој од внатрешниот дел и минав преку тротоарот. знаев дека морам да минам низ шиканата за да се вратам на патеката, но се преценив, бев премногу брз и се удрив силно во ѕидот крај шиканата – опиша саинз.

Тој го критикуваше и дизајнот на вториот свиок на патеката велејќе дека има чудна линија која ги буни возачите.

мислам дека кривината е лошо дизајнирана и ги принудува возачите да минуваат под чудни линии и многу казни од пет секунди беа дадени токму за несоодветно враќање таму.

фрустрирачки е, но во исто време јасно ми е дека секако ќе има грешки во текот на годината. денеска јас погрешив и се ивинувам на сите во тимот. одиме на следната трка во нирбургринг каде сакам да се искупам за грешката.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Биното го вежбал говорот со кој го отпуштил Себастијан Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, откри дека ментално се подготвувал и три пати го повторувал говорот со кој го информирал Себастијан Фетел дека...

РЕЗУЛТАТИ

Португалија: Хамилтон го сруши Шумахер, 92ра победа за шампионот

Луис Хамилтон го сруши Михаел Шумахер од првото место на вечната листа на победници со својот триумф на Португалското Гранд При што беше победа...

популарно

Мерцедес објаснија зошто не му дозволиле софт на Ботас

Тото Волф објасни дека Мерцедес биле “тврди“ во својата одлука во однос на планираната стратегија за Валтери Ботас на Португалското Гранд При и покрај...