- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сан Марино: Мерцедес со историска 7ма титула преку нов 1-2 триумф

Мерцедес по 7ми пат по ред станаа конструкторки прваци, со што го срушија рекордот на Скудерија Ферари на почетокот на 2000те години и тоа во голем стил со 1-2 триумф, стандардно, Хамилтон пред Ботас.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Стартот на трката беше возбудлив, Вертапен го мина Хамилтон за 2то место, Рикардо го превзема 4то место од Пјер Гасли, додека Леклер напредуваше позиција благодарение на престасувањето на Александер Албон.

Исто така имаше и инцидент по кој Ленс Строл доби скршено предно крило по дуелот со Естебан Окон од Рено затоа што сакаше да мине каде што немаше место за тоа.

Во кругот број 6, Карлос Саинз го мина Ландо Норис за 9то место откако очигледно беше побрз од него.

Во 9от круг тажна вест за АлфаТаури и Пјер Гасли откако му јавија од гаражата дека има голема штета на болидот и мора да се повлече и сето тоа додека се возеше на 5то место. Дизајнот на Аиртон Сена н кациагата на французинот не му донесе среќа.

Во 14от круг серијата промени на гуми ја отвори Шарл Леклер кој промени на Хард, а следниот круг тоа го сторија и Александер Албон и Даниел Рикардо, додека возачите на Мекларен се решија на медиум.

Водечките влегоа малку подоцна Макс Верстапен во 19от круг доби хард, круг подоцна тоа го стори и Валтери Ботас, водството го превзема Луис Хамилтон кој влезе дури во 31от круг и на тој начин од 3то место напредуваше до водство во трката

Во 30от круг Окон се паркираше крај патеката и се откажа, што го искористи Хамилтон да влзе по нови гуми кои го чинеа многу помалку загубено време поради Виртуелното безбедносно возило.

Себастијан Фетел “тераше“ дури 40 кругови со првичните гуми пред да влезе во бокс, но Ферари го зезнаа и заглави 13 секунди во гаражата.

Во 43от круг откако Верстапен веќе некое време го притискаше Валтери Ботас откако финецот уште во 2от круг пријави оштетен под, финецот направи грешка и Макс мина преку ДРС.

Но, радоста на Макс не траеше долго затоа што во 51от круг откажа неговото задно десно тркало, пукна при крајот на еден од правците и тој завшри во песокот и донесе Безбедносно возило на патеката кое се задржа 6 кругови.

Во тој период додека Бернд Мајландер ја поведе трката, возачите на Мерцедес монтираа софт како и Перез, Квјат, Саинз.

Кругот број 53 Џорџ Расел направи неискусна грешка откако се чинеше дека е на добар пат да ги освои своите први поени. Возејќи се зад безбедносното возило, британецот нагло притисна на педалот за гас и го изврте својот болид директно во оградата.

Во периодот на безбендосното возило и Ленс Строл направи глупост откако не запре на време и го удри механичарот пред својот болид кој го поткренува за промена на гуми.

Рестартот беше одличен затоа што оние на нови софт силно притиснаа, Алекс Албон се изврте при еден дуел со Серхио Перез кој сакаше да му ја превземе позицијата, а Квјат го нападна и мина Шарл Леклер.

На крајот на трката, 1-2 за Мерцедес и нов подиум за Даниел Риакардо. АлфаТаури повторно на 4то место, овој пат со Даниил Квјат, додека Шарл Леклер беше позиција зад него.

Серхио Перез донесе 6то место во Рејсинг Поинт, пред тандемот на Мекларен, Карлос Саинз кој беше 7ми и Ландо Норис зад него. Двојни поени во Алфа Ромео, Кими 9ти, Џовинаци 10ти.

Николас Латифи беше на непосакуваното 11то место и за малку ќе дојдеше во поени.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно