0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Саудиска Арабија: Луис пред Макс во трка преполна со контроверзии

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Луис Хамилтон стигна до својата 102ра победа во кариерата на првото Саудиско Гранд При во историјата на спортот, на трка на која имаше две црвени знамиња и рестартови од место и многу контроверзии помеѓу двајцата кандидати за титула.

Верстапен заврши зад Луис, а имаше и казна од 5 секунди, додека во последните метри, Ботас го мина Окон за побидум и само десетинка предност на финиш линијата.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Трката почна здодевно, стартот не донесе промени на позиции и првите 10 кругови не беа многу интересни. Но, во тој 10ти круг Мик Шумахер излета директно во ограда на 22та кривина каде во Сабота излета и Шарл Леклер. Тоа значеше безбедносно возило три кругови, а потоа и прекината трка и црвено знаме во 14о круг.

Буквално пред трката да биде прекината, Карлос Саинз, кој стртувшае од 15то место, го мина Антонио Џовинаци за 10та позиција, односно поени.

Првичното безбедносно возило за промена на гуми го искористија Хамилтон, Ботас, Мекларен, Леклер … и променија на хард, но не и Верстапен кој ризикуваше. Неколку кругови подоцна риикот му се исплатеше затоа што трката беше прекината со развјеување на црвенот знаме.

Рестартот беше од место, МАкс и Луис од првиот ред, Ботас и Окон зад нив, Рикардо и Леклер од 3от ред, а Гасли и Чеко Перез од 4от. Актуелниот првак тргна моќно, имаше одлична реакција и до првиот свиок го мина Макс, но овој доцна закочи и од внатрешниот дел го иструкра Луис, правеји простор и Естебан Окон да мине. Така ја поведе траката со Окон и Хамилтон зад себе.

Рестартот донесе и два големи судари, по излезот од 2та кривина, Перез заборави дека го има Леклер до себе, моначанецот немаше место беше залепен до оградата, дојде до контакт по кој Чеко се изврте на патеката, а делови од неговиот болид се разлетаа насекаде. Продолжи, но по неколку кривини се паркираше и се откажа.

На истиот дел од патеката, Џорџ Расел беше неверојатно бавен сакајќи да го избегне метежот, но Никита Мазепин не беше свесен за тоа и моќно удри во задниот дел на неговиот болид. Двата инциденти кои се лсучија во исто време донесоа ново црвено знаме и нов рестарт.

За време на рестартот, Мајкл Маси разговараше со Мерцедес и Ред Бул и на“биковите“ им понуди, прегаресивното минување на Макс да се компензира со губење позиција за да не биде пријавен на стјуардите. Со преговори, трката од најдобрата позиција ја почна Окон пред Хамимлтон и Верстапен.

Макс промени гуми во пресрет на вториот рестарт и на медиум пролета покрај Окон и Хамилтон и ја поведе трката, а по два круга Луис го мина Естебан за 2ро место.

Следуваше период во кој силен беше Јуки Тсунода, но во 23от круг загуби контрола и заврши во ограда со откачено предно крило. Се обиде да се врати, но направи само проблем и остави многу делови на патката што донесе вируелно безбедносно возило цел круг.

Во кругот број 28 имаше еден бесмислен инцидент помеѓу двајца ултра искусни возачи, Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Финецот беше минат од Астон Мартин, но некако не се откажуваше од својата позиција и се обиде да си ја врати онаму каде немаше ни теоретски шанси. Следуваше силен котнакт и многу делови од болидите по патеката. Повторно виртуелно безбедносно возило неколку кругови.

Во кругот број 37 Луис Хамилтон нападна прв пат, но Верстапен агресивно се одбрани, иако ја пресече патеката, по што стјуардите 10-тина кругови подоцна му дадоа казна за тој маневар. За одбраната која ФИА сметаше дека не е фер, Ред Бул добија опомена Макс да ја врати позиција и кога Верстапен сакаше да го направи тоа, Хамилтон од многу зборување преку радио по се излгеда не сфатил што треба да направи и удри во задниот дел на Макс. Овој инцидент е оставен да се истражи по крајот на патеката, така што поредокот сеуште не е 100% потврден.

Во 42от круг, Макс повторно се обиде да му ја врати позицијата на Луис, но тоа го направи на крајот на ДРС зона и по неколку метри повторно го мина. Маси не беше задоволен со ова, така што Ред Бул го пропуштија Хамилтон следната обиколка, по што непречена тој победи до крај.

Во 46от круг се откажа Себастијан Фетел поради тоа што имаше многу оштетен болид и не сакаше непотребно да го троши моторот.

Саинз и Леклер си ги променија позициите во послендиот круг, додека Ботас го мина Окон во последните метри за подиум.

Така, Луис пред Макс и Валтери за подиум, а Окон и Рикардо зад нив. Следуваа Гасли и тандемот на Ферари, а потоа Антодниот Џовинаци и Ландо Норис за последниот поен. Најбрзиот круг му припадна на шампионот кој три пати едно по друго победува.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Ралф: Расел е друга класа спордено со Ботас

Ралф Шумахер смета дкеа младиот Џорџ Расел е друга класа споредено со неговиот претходник, Валтери Ботас. Актуелните конструкторски...