- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Саудијците ги негираат обвинувањата за нивната трка

Шефот на Моторспорт федерацијата на Саудиска Арабија кои ќе бидат главни организатори на Формула 1 трката догодина ги разбира фановите околу скептицизмот кој владее уште од објавувањето дека настанот ќе се случи, но инсистира дека немаат за цел да го “исперат“ имиџот на земјата преку врвни спортски настани.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кралството склучи договор со спортот да организација на улична трка во вториот по големина град, Џеда, следната година, а од 2023 година Гранд При настанот би се преселил во ултра луксузниот и скап автодром Ал Кидија во главниот град Ријад.

Додавањето на Саудиска Арабија во календарот наиде на жестоки критиките откако борците за човекови права од Amnesty International негодуваа порадi неопчитување на истите во државата.

Принц Кхалид Султан Ал Фаисал, Претседателот на моторспорт федерацијата која е одговорна за трката, е свесен за критиките што земјата ќе стане дел од Формула 1 календарот, но откирва ека Саудиска Арабија е во постапка на отворње кон светот наместо како до сега, останување во своите граници и криење.

не ги обвинувам критичарите кога не ја познаваат нашата земја и имаат одредена слика за неа. се сеќавам кога моите родители ми кажаа дека ќе одиме во америка, особено во њу јорк, јас бев преплашен дека ќе одам по улиците и некој ќе дојде и ќе ме застрела. сиот тој страв е поради непознатото.

знам дека многумина не се возбудени за трката затоа што сметаат дека имаме проблеми со почитување на човековите права, но никогаш не биле овдека. сега се отвораме и се надеваме дека се повеќе луѓе ќе бидат наши гости, ќе ја видат земјата и ќе се вратат да го раскажат тоа што го виделе, веројатно тоа ќе го смени мислењето – изјави принцот.

Тој потсети дека имало сличен отпор пред организирање на Формула Е трка и Дакар релито во земјата, но сето тоа се сменило кога настаните се одржале.

слично ни се случи и со дакар, имавме многу гости и околу 3.000 учесници кои се натпреваруваа. најголем дел од нив имаа некаков впечаток за нашата земја и не беа среќни кога дојдоа овдека. дури и формула е како бмв и останатите екипи велеа дека не сакаат да се тркаат тука, но откако дојдоа во саудиска арабија, не видоа и среднаа, ја сменија својата перспектива за државата.

една од причините поради која има толку лош имиџ за нас е поради тоа што бевме затворени. дел од визијата е да се отвори земјата, сакаме луѓето да дојдат и да видат кои сме ние всушност и дека немаме ништо да криеме. ако сакаме преку спортот да се “испереме“ тогаше ќе ја затвориме земјата.

Загриженоста околу почитување на човековите права, принцот Калид откри дека веќе е дискутиран со Формула 1 шефовите, но смета дека мора да има некаков вид на разбирање затоа што се работи за различни култури и различна историја во сите земји.

разговаравме за тоа и знам дека на многу луѓе им смета тоа за саудиска арабија, но ние не сме како сите. знаеме дека сме различни и имаме своја култура и постојат работи кои се дозволени на други места, но не и тука. но, ги полчитуваме разликите и поради тоа сакаме да се отвориме.

немаме никаков вид на дистриминација и сите се добредојдени без разлика дали се мажи или жени, нема сегрегација. знаеме дека сме различни и ги почитуваме разликите и сериозни сме за тоа. спортот ги зближува и обединува луѓето и поради тоа го организираме.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно