Себ со нов мотор и казна во Америка

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Себастијан Фетел се подготвува за тешко Американско Гранд При откако Астон Мартин решија да променат нов мотор во неговиот болид.

Возачите смее да користат три мотори со внатрешно согорување во ткот на сезоната, но голем дел од нив веќе го преминаа тој лимит оваа сезона. Валтери Ботас зема нов мотор во Италија, но и во Русија, додека Хамилтон отслужи казна за истата причина во Турција.

На последните девет трки, Себ заврши само еднаш во поени, а на последната трка во Турција погреши со прерана промена на мазни гуми при мокро време по што заврши последен.

јасно ми е дека следува многу тежок викенд за мене затоа што ќе го менуваме моторот и поради тоа ќе мораме да отслужиме казна. ќе видиме што ќе можеме да направиме од местото на кое ќе стартуваме, но нерпелив сум затоа што знам дека можеме да бидеме силни тука. сепак, не можам да кажам колку силни можеме да бидеме – изјави фетел.

Германецот смета дека добрите можности за претекнување кои ги нуди патеката ја прават одлично место за отслужување на казната.

се надевам дека ќе имаме возбудлива сабота попладне и ќе се вратиме во поени на трка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема