Сеидл: Ова е важен момент за тимот

Мекларен под водството на Андреас Сеидл уживаше во на некој начин ренесанса минатата година, кога хаосот беше заменет со германскиот менаџерски стил што резултираше до нивната најдобра сезона и пласман на 4то место во поредокот.

Сепак, тимскиот шеф Сеидл, кој официјално се приклучи на Мекларен во Мај, а новиот болид МЦЛ35 е негов прв со тимот. Германецот се обрати за време на промоцијата на болидот.

Ова е важен момент за целиот тим. По многу месеци напорна работа од сите во Мекларен, претходниот ден сите го видоа болидот за прв пат, пред да го прикажеме на светот.

Секој член на тимот инвестираше многу време и енергија за време на предсезоната во дизајнот, инженерингот и изработката на МЦЛ35. Карлос и Ландо покажаа вистинска посветеност минатата сезона и продолжија со напорната работа во подготовките за тестирање и за сезоната. Едвај чекаме да го продолжиме позитивниот моментум со нив.

Денес е уште еден голем чекор во нашето патешествие. Важно е да не се опуштиме, ова ќе биде тешка сезона. Ништо не е лесно во Формула 1, а конкуренцијата во средината ќе биде интензивна. Имаме шест дена за тестирање и да се подготвиме за новата сеозна. Сите ќе бидат подготвени во Мекларен – изјави Сеидл.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Сеидл: Ова е важен момент за тимот

Мекларен под водството на Андреас Сеидл уживаше во на некој начин ренесанса минатата година, кога хаосот беше заменет со германскиот менаџерски стил што резултираше...

популарно

🎥 Алфа Таури ја запалија Хондата

По неколку екипи и новоименуваниот тим на Торо Росо, односно сега Скудерија Алфа Таури доби можност да го запали моторот на Хонда, РА620Х, за...