Се планира светски моторспорт куп од 100 милиони долари

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Повеќе извршни  директори и главниот човек позади Олимпијадата во Лондон се обидуваат да направат ривалска серија, налик на поранешната А1ГП, во која ќе има 20 екипи кои ќе ги претставуваат државите ширум светот. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Се планира да се соберат 100 милиони долари за да се направи светски моторспорт куп по 15 годишна пауза. Веќе се појавиле и индивидуалци и инвестициски фондови кои имаат интерес за финансирање на проектот. 

Сличен шампионат наречен А1ГП веќе постоеше од 2005 до 2008 година пред да се откаже поради финансиската криза од 2009 година. Доколку се соберат финансиите, ќе видиме 20 тимови кои ќе претставуваат држави од целиот свет со исти болиди. Секој болид ќе вози на одржливо гориво со најголема брзина од 350 кмч што ќе биде најбрза тркачка серија во светот по Формула 1. 

Марсин Будковски е водач на тимот индивидуалци заедно со Мајк Гаскоњ кои имаат доста искуство во Формула 1 и ФИА. Серијата ќе трае од Декември до Јули каде ќе се возат 12 трки низ целиот свет. Секој тим ќе биде составен од еден искусен возач и еден помлад јуниор. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ