Се повеќе гласини дека новиот Ферари “не чини“

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Откако инсајдерот и добар познавач на приликите во Маранело, Лео Турини, напиша дека податоците од аеродинамиката на новиот болид на Ферари се лоши, а инженерите незадоволни со тоа, се повеќе медиуми почнаа да пишуваат дека во Ферари работите не одат на добро.

Германски Auto Bild повикувајќи се на доверлив извор во Ферари, тврди дека податоците од воздушниот тунел се полоши одошто се очекувало во пресрет на промоцијата на болидот која треба да се случи на 11 Февруари во 18.30 во Реџо Емилија.

болидот може да има сериозна аеродинамичка грешка која ниту специјалистите за работа во симулаторот нити инженерите во воздушниот тунел никако не успеваат да ја отстранат – пишува ралф бач за германскио весник.

Весникот тврди дека проблемот се појавил поради тоа што италијанците ја копирале филозофијата на Ред Бул со многу стрмна аеродинамика во долниот дел на болидот.

тоа помага во неколку области, но доколку една ситница не е добра, тогаш има ланчана реакција од предното крило и имате сериозен проблем кој воопшто не е лесно да се реши – напиша поранешниот формула 1 дизајнер, гери андерсон.

НАЈНОВО

Марко: Не можеме да си го дозволиме Фетел

Доктор Хемут Марко откри дека Ред Бул не може да си дозволи да троши многу пари на возач и да го враќа Себастијан Фетел...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Ферари го решиле проблемот со болидот

Познатиот Лео Турини, инсајдер со темелно познавање на состојбите во Ферари, откри дека во Маранело се на вистински пат со својот болид откако минатиот...