- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сироткин останува резерва во Рено

Рено објавија дека Сергеј Сироткин ќе продолжи да биде нивни резервен возач во Формула 1 оваа тркачка сезона.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

24-годишниот русин веќе две години е резерва во фабричката екипа од Енстоун, беше во 2017 година, а беше и лани, појавувајќи се на шест тренинг сесии во жолтиот болид. Годинава кога не беше дел од Рено, однонсо во 2018 година, тој се тркаше за Вилијамс и стигна до поен со 10то место во Монца.

Француската екипа објави дека Сергеј ќе биде дел од нивниот тим и ќе биде присутен на сите трки и подготвен да вози доколку се случи нешто непредвидено со Даниел Рикардо или пак со Естебан Окон.

одлично е да се вратам во рено како резервен возач затоа што одлично го знам тимот откако работев со нив лани. ја разбиравм важноста на тимот да има резервен возачно целосно подготвен за возење особено во ситуацијата во која светот да наоѓа во моментов.

напорно и фокусирано работам и ќе бидам подготвен повторно да се тркам. нетрпелив сум да ги видам моите пријатели во рено многу скоро – изјави среќниот сироткин.

Шефот на тимот, Сирил Абитебул, додаде:

задоволни сме што можеме да му посакме добредојде назад на сергеј во тимот оваа година. со оглед на околностите во кои се наошаме, мораме да имаме подготвени планови за било која ситуација која може да се случи.

одлично го познаваме сергеј, а и тој го познава тимот. нетрпеливи сме да се сретнеме и да почнеме да работиме во австрија.

Согласно Ковид протоколите, доколку некој возач се покаже позитивен на тестот за вирусот, викендот нема да биде прекинуван, туку тимот треба да си има резервен возач за да го пополни празното место.

Последната трка на Сироткин беше во Ендјуранс првенството каде возеше за СМП Рејсинг во ЛМП1 класата, а имаше и Формула 2 предсезонски тест со АРТ во Бахреин во месец Март.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Оштетеното предно крило на Макс направило проблем

Ред Бул открија дека откачениот страничен дел од предното крило на болидот на Макс Верстапен за време на трката на Ред Бул Ринг се...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...