- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Скај си ги бара парите од Ф1 назад

Како што изби пандемијата и беше воведуван задолжителен карантин насекаде низ светот, луѓето имаа многу слободно време кое имаа можност да го исполнуваат со гледање на телевизија. Но, недостатокот на спорт во живо го приннуди британски Скај да воведе систем каде претплатниците на различни спортски канали имаа можност да не плаќаат додека услугите, односно спортот во живо не се врати на екраните.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Челниците на телевизијата веќе договорија поуст од 170 милиони фунти со Фудбалската федерација на Алгија како сопственик на телевизиските права за Премиер лигата, сега бараат сличен попуст и од Формула 1.

попустот односно помалото плаќање треба да го минимизира ефектот од недостаток на спорт минатите 12 недели – изјави оперативниот шеф на скај спортс, роб вебстер за британски Financial Times.

Како што пренесува Sports Pro Media, 170те милиони фунти кој биле договорени со Скај се дел од вкупно 330 милиони фунти попуст кој Премиер лигата ќе го даде на пренесувачите на фудбалските натпревари низ светот. Шкотската фудбалска лига, пак, веќе договори попуст од 2,5 милиони фунти со БТ Спорт и 1,5 милиони фунти со Скај, но таму ситуацијата е посложена затоа што лигата нема да продолжи.

Сеуште е непознато колку пари ќе бара назад Скај Спортс како главен пренесувач на Формула 1 и на некој вид официјална Формула 1 телевизија. Парите кои британците ги плаќаат се далеку најголем износ кој спортот го инкасира од продажба на своите права.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Марко изненаден од се посилниот Мерцедес

Доктор Хелмут МАрко смета дека Ред Бул Хонда заостануваат поради неочекувано големиот напредок на Мерцедес со нивниот мотор сезонава. “Биковите“ се надеваа дека Макс Верстапен...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...