Словачка 1: Аскона победник, двоен пласман во поени за PSS Racing

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Микел Аскона извојува доминантна победа во првата трка во Словачка од ТЦР Европа првенството, совладувајќи го Николас Баерт со предност од 3,3 секунди.

Домашните навивачи добија рано разочарување кога Мат’о Хомола мораше да се повлече од стартот мрежата поради технички проблеми што претходно го принуди словачкиот возач да ја пропушти втората фаза од квалификациите.

На стартот Аскона го претекна Том Коронел, кој пак стартуваше од пол позиција. Тимскиот колега на Коронел, Душан Боркович, исто така имаше релативно слаб старт и падна од четврто на десетто место. Новиот возач во тимот на PSS Racing, Франко Џиролами имаше солиден старт и до првиот свиок веќе беше на 4то место од својата шеста стартна позиција, но инцидент рано во првиот круг предизвикан од русинот Клим Гаврилов влијаеше над низа други автомобили, меѓу кои и Џиролами кој падна на 13то место.

Коронел возеше на второто место до 4-от круг, кога го помина Николас Баерт. Потоа во следниот круг, Коронел изгуби повеќе позиции кога Даниел Наги и Нилс Лангевелд го престигнаа. Меди Бенани, кој започна од десетто место стигна до седмото место кога го помина Феличе Јелмини со Хјундаи Елантра Н.

Во 6-от круг, Исидро Калехас имаше големо излетување кога премина на тревата, а задниот дел од автомобилот беше исфрлен во воздухот поради нерамнините. Иако болидот првично изгледаше неоштетен, Калехас подоцна беше принуден да се повлече во последните моменти на трката со скршена суспензија.

Во втората половина од учесниците, Виктор Давидовски имаше постојани дуели со ривалите откако стартуваше од 17та позиција. Со одлична борба, на крајот сепак стигна до 14то место и неговите први 3 поени во сезоната. Франко Џиролами ја заврши трката на 13то место и по 5те поени во квалификациите, сега има вкупно 10 за 11та позиција во генералниот пласман пред утрешната втора трка.

Втората трка започнува во 13:55 часот по македонско време.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема