Смедли: На Саинз ќе му треба големо трпение во Ферари

Поранешниот инженер на Ферари, а потоа член на Вилијамс, Роб Смедли, смета дека на Карлос Саинз ќе му треба големо трпение ако сака да успее во трофејната екипа од Маранело.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Италијанците многу брзо по објавата дека нема да продолжат со Фетел, открија дека го носат Саинз како свој возач од 2021 година.

за многу од нас кои долго време работеле во ферари, тимот станува голем дел од вас. има прекрасни и навистина неверојатни работи за ферари, но и некој не толку убави. кога доаѓате на некоја поважна позиција, веднаш ги увидувате и не толку убавите работи во екипата.

го гледате моментот кој ќе ве натера да се замислите зошто некогаш би сакале да го напуштите тимот, а потоа веднаш кога ситуцијата станува тешка и фрустрирачка и морате да се соочите со предизвикот колку што може подобро, а тоа се случува секој ден.

ако научив нешто во моето време во формула 1, тоа е дека ферари никогаш не се втори, тоа никогаш не е доволно добро за нив, тоа е култура која во моментов ја користи и мерцедес, но дефинитивно во ферари има многу поголем притисок од медиумите и од фановите.

дури и кога ќе заминете од канцеларија во некој ресторан или во некој кафе бар, не мора да е тоа во маранело, луѓето ве познаваат, ви даваат мислење, е прашуваат се и сешто, затоа што се такви.

но во исто време маранело е неверојатно место да се работи, страста е голем дел од тоа особено за момците кои се дел од тркачката екипа – заврши смедли.

НАЈНОВО

Гасли ќе се откажел по само 10 круга

Пјер Гасли изјави дека речиси ќе се откажел од Австриското Гранд При по само 10 круга на Ред Бул Ринг поради проблем...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на...