Стаинер: Иднината на Хаас не зависи од ограничениот буџет

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека сопственикот на тимот Џин Хаас, ќе одлучи дали да остане или да замине од Формула 1 зависно од новиот комерцијален договор, а не поради ограничувањето на буџетот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во однос на финансиските потешкотии кон Формула 1 тимовите, договор е постигнат за да се намали нивото на ограничениот буџет од следната сезона од 175 милиони долари на 145 милиони долари. Ќе следат и дополнителни намалувања, вклучувајќи ограничувања и скалило на колку време тимовите може да потрошат во развојот и воздушниот тунел.

Но, финансиската контрола не го интересира Џин Хаас, наместо тоа, тој сака да види нов комерцијален договор од следната година пред да одлучи околу иднината.

Формула 1 заврши добра работа околу ситуацијата и донесе план кој ќе биде добар за сите на долг рок. Џин е среќен, но ограничувањето на буџетот не влијае над него, бидејќи веќе трошиме под таа сума. 

Тоа што тој го сака е нов комерцијален договор кој би требало да го имаме следната година, со поеднаква исплата за тимовите. Постои шанса да се промени ситуацијата од сега. Доколку вакво нешто се случи повторно во следните пет години, а работите не се променат, следниот пат повеќе тимови ќе пропаднат.

Тоа што сите го сакаме е да се тркаме. Ја отворивме фабриката сега бидејќи бевме меѓу првите кои ја затворија веднаш по Австралија.

Луѓето ќе се вратат во фази, со цел да се обезбеди безбедноста и да се почитува социјалното дистанцирање. 

НАЈНОВО

🎥 Норис не се обидел да ги измами тестовите со шише ладна вода

Од Мекларен истакнаа дека видеото на кое се гледа Ландо Норис и неговиот тренер како користат шишиња со ладна вода за да...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на...