- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Строл: “Овалот“ во Бахреин може да доведе до возбудлив грид

Ленс Строл од Рејсинг Поинт верува дека брзата надворешна патека во Бахреин би можела да доведе до интересен распоред во квалификациите, како и до одлична трка во Недела.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

По Спилберг и Силверстон, Формула 1 ќе ужива во уште трет последователен викенд од сезоната кој ќе се одржи на истата патека. Сепак, за разлика од трките летоска, возачите ќе се натпреваруваат на две различни конфигурации во Бахреин.

Оваа недела ќе се вози на традиционалната патека Шакир, од 5.4 километри, но возачите ќе се соочат со непознаница следниот викенд на конфигурацијата од 3,5 километри на која има само 11 свиоци.

Додека Пјер Гасли очекува “мини Инди 500“ со многу игри на следење, Строл вели дека дизајнот сличен на овал ќе доведе до изненадувања во квалификациите.

Изгледа дека ќе доведе до многу добра трка. Дефинитивно нема толку многу патеки со само 11 свиоци. Конфигурацијата сугерира дека ќе биде тесно во квалификациите со многу блиски времиња по круг. Тоа потенцијално ќе доведе до возбудливо тркање и може да имаме многу интересна трка во Недела.

Ќе се подготвиме најдобро што можеме за новата конфигурација и сите ќе бидеме на исто рамниште тој викенд – најави младиот канаѓанец.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно