- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Строл очекува титули од Астон Мартин

Првиот човек на Астон Мартин, Формула 1 тимот и производителот на автомобили, канадскиот милијардер Лоренс Строл, очекува неговата тркачка екипа да му донесе победи и титули во најсилната моторспорт тркачка серија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ребрендираниот од оваа година Рејсинг Поинт ќе биде фабричка екипа на славниот производител, а иако самошто почна годината, тие веќе најдоа и нов главен спонзор во американскиот ИТ консултантски гигант, Когнизант. Лани екипата загуби 15 поени поради копирање на дизајн на Мерцедес, а буквално на последната трка го загуби 3то место кај конструкторите и финишираше на 4то.

Строл очекува победи и подиуми годинава и во иднина, а целта е да го смести тимот во екипа способна да освојува титули во иднина.

мојата цел е таква, како и во сите бизниси кои сум ги поседувал, сакам да победам. формула 1 е процес, потребни се години за да се биде успешен, ништо не е преку ноќ, никој сериозен бизнис не се гради преку ноќ. продолжуваме онаму каде што застанавме лани, со тоа што годинава ќе бидеме посилни.

имавме неколку подиуми, имавме и победа, а сакам годинава да имаме и повеќе подиуми и повеќе победи, да бидеме чекор понапред во борбата – најави лоренс.

Канаѓанецот откри дека на големо се разработува стратегија да се донесе Астон Мартин до насловот со тимскиот шеф Ормат Шафнауер и техничкиот директор Ендру Грин.

им кажав дека со новите правила од 2022 година ние сме во спортот за да победиме, јас дојдов во формула 1 за да победам и знам дека сме способни и ги имаме потребнтие ресурси за тоа. прашав што треба поиаку да направиме за да стигнеме до целта, а енди ми кажа дека нема потреба многу работи да менуваме во работењето.

Сопственикот смета ека носење на четирикратен првак во тимот е доволна слика на амбицијата на тимот кој верува дека по тешки неколку сезони, Себастијан може да им донесе слава и да го направат следниот чекор.

себастијан имаше тешка година лани и за секого би било тешко да дознае дека ќе ја загуби работата пред почетокот на првенството. ментално тоа е многу тешко, а знаеме колку е менталниот склоп важен за денешните формула 1 возачи.

дополнително имаше и болид кој беше тежок за возење и не одговараше не неговиот возачки стил, го видовме тоа и во ред бул во 2014 година. но, тој е четирикратен шампион кој сум сигурен дека не заборавил да вози за една година. има работни навики кои се тешко споредливи со било кој во падокот.

свесен сум дека светски прваци ќе станеме само ако сите почнеме да размислуваме како правци, а четирикратен првак тоа ќе ни го донесе и покаже. тој ќе го понесе тимот во насока во која целиме да бидеме.

јас не сум загрижен, го познавам одлично себастијан и целосно му верувам дека ќе одработи фантастично со нас. тој е мотивиран како и секогаш.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно