Строл реален: Победата е многу тешка задача

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ленс Строл верува дека ќе има многу тешка задача да победи на денешното Турско Гранд При за Рејсинг Поинт и покрај тоа што стигна до пол позиција на квалификациите.

Младиот канѓанец најдобро се снајде по тешкото време и новиот лизгав асфалт и го победи Макс Верстапен, кој доминираше цел викенд, но и својот колега Серхио Перез за стартен поредок.

По крајот на квалификацисксата сесија тој откри дека е шокиран од резултатот и стана 5от најмлад освојувач на пол позиција во историјата на спортот. Но, тој не е толку убеден дека ќе има шанса да стигне до победа и покрај силниот пакет кој го има на располагање.

ќе биде многу тешко и зависи од условите кои ќе ги имаме. не сум видел какво ќе биде времето, чув дека има шанса да врне од почетокот на трката и треба да видиме како ќе биде. дождот може да промени многу работи.

ќе се справам со работите како што ќе се појавуваат и ќе уживам во оваа трка. за мене првата пол позиција е посебен момент и морам да се фокусирам на колку што може подобар резултат – појасни строл.

Денеска ќе биде второто појавување на Ленс во првиот стартен ред откако на Големата награда на Италија во 2017 година тргна од 2ро место исто така на дождливи квалификации. Отмар Шафнауер негираше дека резултатот е “на среќа“ и тврди дека се работи за одлична проценка на тимот и возачот.

Строл нема освоено поени од подиумот на Монц годинава и призна дека се мачи периодов, но и нема среќа. Неговиот колега денеска ќе тргне од 3то место и ќе биде одлична поддршка.

Рејсинг Поинт во моментов се на 5то место во конструкторскиот поредок со исти број на поени со Мекларен, а поен зад Рено.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема