0 ден

Нема продукти во Кошничката.

С.Арабија: Фото финиш победа на Верстапен

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во трка до целната линија помеѓу Макс Верстапен и Шарл Леклер, актуелниот првак излезе како победник и стигна до својот прв финиш сезонава и тоа на прво место.

Ферари беа силни, но загубија победа на три кругови пред крај, Леклер заврши на 2ро, Саинз на 3то место пред несреќниот Серхио Перез. Мерцедес 5ти со Расел и 10ти со Хамилтон.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На стартот , сите освен Магнусен, Хамилтон, Рикардо и Хулкенберг почнаа на медиум компонентата, а четворицата тргнаа на најтврдите хард.

Стартот беше добар за Верстапен кој успеа да му го превземе 3то место на Карлос Саинз, додека Кевин Магнусен исто така напредна позиција и го превзема 9то место на Пјер Гасли. Во 4от круг, Џорџ Расел нападна и го мина Естебан Окон за 5то место.

Валтери Ботас влезе во ритам во 14от круг и го претекна Естебан Окон симнувајќи го французинот на 7мо место, а истиот круг Луис Хамилтон беше активен и го мина Пјер Гасли, влегувајќи во поени.

Во кругот број 15 во бокс влезе водечкиот Серхио Перез, промени од медиум на хард и излезе зад Џорџ Расел губејќи многу врене. Мексиканецот немаше среќа затоа што на крајот од истиот круг Николас Латифи заврши во ограда, најпрво на сила беше виртуелното бебедносно возило, а потоа и она вистинското по што сите освен Хамилтон и Магнусен влегоа по свежи гуми.

Рестартот на трката се случи во 21от круг, Леклер си го одбрани водството, Верстапен остана на второ место, додека Перез мораше да го предаде своето место на Саинз откако неправилно го мина по повелкувае на безбедносното возило. По рестартот, Расел го превзеде 5то место од Магнусен, а три кругови подоцна данецот беше нападнат и од Хамилтон, седумратниот првак мина, но данецот си го врати местото. Сепак, Луис го мина Хаас следниот круг за 6то место.

Во 35от круг по неколку кругови борба, Хамилтон го мина Магнусен за 7ма позиција, но следниот круг возачот на Хаас си го врати местото, откако Алонсо остана заглавен во 4та брзина и изгуби моќ од моторот.

Кругот број 37 беше епски, Алонсо се паркираше во бокс, Рикардо загуби сила и едвај се довлечка до влезот на боксовите, а и Валтери Ботас дојде директно во гаражата по што на сила стапи виртуелното безбедноснто возило додека не се истуркаат Мекларен и Алпин во гаража.

Проблемот во тој момент беше што боксот беше затворен поради тоа што Мекларен и Алпин беа на неговиот влез и тоа го остави Хамилтон со 38 кругови стари хард на патеката, но откако вирутелното безбедносно возило се повлече во 41от круг, тој веднаш влезе по свежи медиум.

Кругот број 42 беше моментот кога почна борбата Леклер – Верстапен, холанѓанецот мина на последната кривина, но Шарл ја направи истата “финта“ како од Бахреин, го пропушти Макс пред ДРС линијата и си ја врати позицијата на крајот од првата кривина.

Верстапен чекаше 5 кругови за повторно да нападне и да мине, а Шарл не можеше ништо, мораше да го предаде водството и да ја заврши трката на второ место по бркотница која траеше до крајот.

Ред Бул, Ферари, Ферари, Ред Бул на првите 4 место, а потоа Џорџ Расел од Мерцедес. Естебан Окон од Алпин беше 6ти пред Ландо Норис кој дојде до 7мо место, а Пјер Гасли донесе 4 поени за себе и тимот. Кевин Магнусен се подобри во однос на стартот и финишираше на 9то место за втори последователни поени за Хаас, а до поен дојде и Луис Хамилтон.

 

 

 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Вилнев: Верстапен е цело време на максимум, Хамилтон не е

Поранешниот првак, Жак Вилнев, даде свое мислење за клучната разлика помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.  Тој повторно...