0 ден

Нема производи во кошничката.

Тимот на Хамилтон стана Екстрим Е шампион

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Екстрим Е тимот на Луис Хамилтон, Х44, стана шампион во електричната тркачка серија, победувајќи ја екипата на Нико Розберг во финалето од првенството во Уругвај.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Деветкратниот рели првак, Себастијан Леб и шпанката Кристина Гутиерез завршија трети во Пунта дел Есте и го победија Розберг Х Рејсинг во првата сезона од шампионатот и тоа за само два поени.

многу сум горд на тимот и овие неверојатни возачи – кратко изјави хамилтон по победата на екипата.

Серијата се одржува низ пустински предели со идентични теренски возила, мора да има жена во секоја постава, а трките почнаа лани со цел да се подигне свесноста во екот на климатските промени и да се промовира одржливост.

Розберг Х Рејсинг се трка со Јохан Кристоферсон и Микаела Ахлин-Котински, и имаа предност од 17 поени во однос на Х44 во пресрет на последната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ