Тимо Глок открива: Саинз има “врски“ во семејството Тод

Поранешниот германски Формула 1 возач, Тимо Глок, најпознат по тоа што му освои титула на Луис Хаилтон во Бразил, смета дека брзата разрешница на отвореното возачко место во Ферари била само поради тоа што Карлос Саинз има врски во семејството Тод.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Само 48 часови откако Ферари и Фетел потврдија дека не продолжуваат заедно, италијанците потврдија дека нивни возач од следната година ќе биде шпанецот Карлос Саинз. Глок смета дека влијанието на Жан Тод во Маранело било пресуден фактор за таква брза разрешница и одлично возачко место за младиот шпанец. Тој смета и дека Николас Тод, син на Жан и менаџер на Шарл Леклер, има одличен однос и соработка со Карлос Саинз.

карлос саинз е одлично поврзан со семејството тод и сите одлично се познаваат. мислам дека многу брзо најдоа начин да ја решат ситуацијата најдобро за сите.

јасно е дека саинз постариот има големо влијание, но николас тод иам исто така големо влијание во ферари преку шарл леклер. веројатно предложил се да се насочи кон леклер, но крај него да има уште некој кој е млад и брз, но може да се контролира – смета глок.

Медиумите пренесоа дека сегашните 3 милиони евра кои Саинз ги зема во Мекларен се двојно зголемени за едногодишна верност кон Ферари, а со бонуси за успешност, неговата годишна плата може да стигне до 9 милиони евра.

по мене, за фетел пресврт беше трката во монца лани. следуваше русија каде константно се разговараше преку радиото, а за бразил не сакам ни да зборувам тоа е врвот.

се се наталожи, поените се губеа, а себ сфати дека има некој кој е на исто ниво со него, а има и поддршка од тод. тој знаеше дека нема да има поддршка од ферари, а тие тоа го покажаа со петгодишниот договор кој му го дадоа на леклер.

НАЈНОВО

Рокит му должи 10 милиони фунти на Вилијамс

Откако минатата недела беше објавено дека соработката помеѓу Вилијамс и нивниот главен спонзор, Рокит, прекува веднаш, тимот потврди дека нивните обврски кон спонзорот биле...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...