- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тод искрен: Немаше да преживееме без хибридизација

Првиот човек на ФИА, французинот Жан Тод, откри дека воведуваето на хибридни мотори во Формула 1 во 2014 година било направено со цел да се зачува иднината на тркачката серија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула 1 до тогаш возеше со 2,4-литарски В8 атмосферски мотори, а преминот беше кон 1,6-литарски тубо мотори со хибриден систем, така што дел од фановите загубија интерес поради тивките, но пресложени и прескапи агрегати, но еколошки.

Спортот веќе е во 7та година о гурбо хибридната ера, а Тоф откри дека немале многу избор освен да се електрифицираат на некој начин.

нашиот спорт е посебен, човек против човек, машина против машина, но машината станува многу сложена и многу се промени низ времето, исто како и светот околу нас.

климатските промени се клучни во целите за сите влади. може да ги сакате денешните формула 1 мотори, а може и не, но без хибридизацијата на агрегатите ќе имавме големи проблеми да преживееме – свесен е тод.

Во исто време, французинот е свесен дека токму моторите ги подигнале драстично трошоците во спортот, иако се надева дека карбон неутралните електрични горива ќе му дозволат на спортот да ги напушти сегашните мотори и да остане еколошки.

ако успееме да возиме со еколошки горива од 2023 година ќе бидеме флексибилни во однос на архитектурата на моторите и можеме да размислуваме на поедноставни системи се додека останеме силно ефикасни.

Херберт Диес, првиот човек на Фолксваген, неодамна најави дека Формула 1 би била многу интересна за него доколку спортот се сврти кон еколошки горива. Тод секако дека со отворени раце би го поздравил доаѓањето на гигантот, но германците ќе мора да платат 200 милиони долари котиазција пред влезот во серијата.

јас повеќе сакам да имаме 12 тимови наместо 10, но тие 200 милиони долари се поставени како еден вид осигурување дека оној кој сака да влезе во серијата е сериоцен.

штом новиот систем со ограничување на трошењето е поставен, можеме да зборуваме за дополнителни екипи.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...