Тод објаснува зошто Себ не успеал да го копира Шумахер

Жан Тод, првиот човек на Ферари, верува дека недостаток на обединетост во Ферари е главна причина што Себастијан Фетел не успеал да го копира успехот победите и титулите на Михаел Шумахер во неговиот период минат во Маранело.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Минатата недела Ферари и Фетел објавија дека нема да продолжат заедно по крајот на оваа сезона, по што иднината на четирикратниот првак е неизвесна. Тој дојде во Скудерија во 2015 година со една цел, да ги повтори успесите на Црвениот барон со тимот на почетокот на 2000-те години.

Тод, сегашниот прв човек на ФИА, беше шеф во периодот кога Михаел владееше со Формула 1 и стигна до пет двојни шампионски титули.

без разлика дали резултатот е добар или лош, истиот е тешко секогаш да се објасни. заедно со михаел, сите во ферари имавме многу успех затоа што бевме многу обединети, силни, се поддржувавме едни со други во тешките времиња и во победите.

лесно е да се биде заедно кога се е како што треба, но вистинскиот морнар се гледа кога има немирно море. кога имаше бранови, сите бевме на бродот и тоа правеше секогаш разлика во наша корист – се присетува жан.

Бројот на празни места во Формула 1 за следната година се малку, а простор во врвните екипи нема, но французинот сака да има поголем оптимизам помеѓу луѓето во врска со иднината на германецот.

себастијан фетел е еден од најголемите таленти на моторспортот. веќе открија дека нема да продолжат заедно, но по оваа година тој нема договор, а мислам дека можности има. му посакувам се најдобро и навистина сметам дека кој и да го земе во својата екипа ќе биде многу среќен и задоволен.

тој е еден од возачите кој со соодветен болид може да освои титула. кога михаел дојде во ферари во 1996 година успеа да победи само на три трки, не затоа што не беше мотивира, туку затоа што едноставно немаше болид за победи.

полека го надградувавме болидот и тимот што ни овозможи со таа комбинација да доминираме. погледнете го луис хамилтон, ако тој немаше победнички болид, немаше да биде првак. исто беше и со фернандо и со себастијан.

НАЈНОВО

Стаинер: Иднината на Хаас не зависи од ограничениот буџет

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека сопственикот на тимот Џин Хаас, ќе одлучи дали да остане или да замине од...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...