- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа затоа што овогодинешната бркотница по Муџело беше Лу-Ди-Ло.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Гаснењето на црвените светла донесе одлично тргнување на Валтери Ботас кој го превзема местото на Луис Хамилтон, но трката траеше само 4 кривини.

Макс Верстапен тргна добро, но само неколку десетици метри затоа што моторот едностанво загуби снага откако беше поправан буквално на гридот пред стартот на трката. Од тимот изјавија дека проблемот бил софтверски и дека го решиле, но не било баш така.

Следуваше шоуто на Пјер Гасли кој многу амбициозно, мотивиран од победата пред седум денови во Монца, сакаше да влезе во еден сендвич помеѓу Кими Раиконен и болид на Хаас, нешто што е неможно на толку тесна патека. Французинот го удри Кими, а овој пак удри во задниот дел од болидот на Верстапен додека холанѓанецот со својот Ред Бул беше само пречка на патеката и беше пребавен.

Резултт на оваа мешаница беше откажување на Пјер Гасли и на Макс Верстапен, а штета кај Фетел, Саинз и Роман Гросжан. Инцидентот беше под истрата, но немаше казна за никого иако очигледно беше дека амбицијата на Гасли беше преголема.

По влегување во бокс на “оштетените“, Саинз се врати на 15то место пред Романг Гросжан, Кими Раиконен, а Себастијан Фетел беше на опашката. Сударот секако дека донесе безбедносно возило кое остана на патеката до 6от круг, но тука на сцена стапи глупоста на Валтери Ботас.

Финецот ја предводеше колоната, но беше очајно баен до самата стартна линија, а оние на опашката секако дека очекуваа рестарт и “гас до даска“ многу порадно. Игрите на возачот на Мерцедес кои се покажаа благо речено многу опасни донесоа карамбол во задниот дел од гридот каде настрада Карлос Саинз на Мекларен, Николас Латифи на Вилијамс, Кевин Магнусен на Хаас и Антонио Џовинаци од Алфа Ромео.

Роман Гросжан урлаше дека кој е на чело од колоната и кој прави такви глупости “не е со сите“. Црвеното знаме стапи на сила втора трка по ред што значеше прекин, паркирање во боквовите и рестарт на трката по 45 минути откако истата започна.

Во периодот додека сите беа паркирани, Рено воочија дека задните сопирачки на Окон горат и го повлекоа и неговиот болид што беше 7мо откажување од трката.

Во 9от круг се случи старт од гридот, втор старт на трката, но Ботас беше деконцентриран и дозволи Хамилтон да го прелета. Во тој момент единствено возачите на Мерцедес задно со Расел и Кими Раиконен беа на медиум, сите останати беа на софт.

Борбата се случуваше позади водечкиот тандем на Мерцедес кој многу брзо се одлепи од останатите, Рикардо го мина Перез за 5то место, Ветел го мина Раиконен за 11то, а седечка мета беше Шарл Леклер. Возачот од Монако беше на 3то место во 18от круг, а до 21от веќе беше 7ми откако го минаа Строл, Рикардо, Албон и Перез и тој реши да користи алтернативна стратегија и да промени на хард во 22от круг.

Следуваше период кога сите менуваа гуми, Рикардо во 28от круг, по него Перез и Фетел, пред Ландо Норис и Даниил Квјат.

Ботас беше неврозен што загуби водство од Хамилтон и побара при следната промена на гуми да добие различни пневматици од колегата, но неговиот збор во Мерцедес не вреди ништо. Финецот промени на хард во 32от круг, а круг подоцна и Хамилтон го стори истото пред Албон да промени на медиум.

Леклер ја отвори и втората серија промена на гуми во 38от круг кога смени на медиум. Следуваа неколку здодени кругови пред нова возбуда.

Кругот број 44 беше моментот кога Ленс Строл имаше проблеми на Арабиата 2 и летна во оградата, по се изгледа поради дупната гума или некаков проблем во задниот дел од болидот поради начинот на кој загуби контрола.

На патеката се појави трет пат безбедносно возило и по кратко кружење повторно црвено знаме за да биде санирана бариерата која Рејсинг Поинт болидот на Ленс Строл буквално ја уништи.

Трката продолжи во 45от круг односно во 17.12 часот со нов старт од гридот во кој Ботас повторно беше очаен и дозволи да биде прелетан од Даниел Рикардо, но следниот круг си ја поврати позицијата.

Во тие моменти стјуардите му доделија казна од 5 секунди на Кими Раиконен затоа што веднаш по излегувањето на безбеднозносот возило влегол во бокс, но при тоа пресекол недозволен дел од патеката.

Во 50от круг Леклер го мина Гросжан за 9то место, а круг подоцна Алекс Албон го претекна Рикардо за подиум.

На крајот од трката нова победа за Луис Хамилтон пред Валтери Ботас и Ред Бул на Алекс Албон. Рикардо долго време возеше на 3то место, но на крајот беше 4ти пред Чеко Перез. Шесто место за Ландо Норис пред Даниил Квјат од Алфа Таури, а Кими Раиконен беше 8ми, но поради казната официјално е 9то помешу Леклер и Фетел од Ферари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...