Тото лут што Верстапен го поставил најбрзиот круг

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, е вознемирен што Макс Верстапен го освоил поенот за најбрз круго откако Луис Хамилтон не бил во можност да се обиде да го освои поради лош тајминг.

Верстапен го извозе најбрзиот круг неколку секунди пред појавувањето на виртуелното безбедносно возило во 54от круг откако влезе по нови софт гуми во 55от круг и го подобри најбрзиот круг во последниот обид.

Поради лошо позиционирање, Хамилтон не беше во можност да проба да го подобри времето на конкурентот.

Чувствуто е малку горчливо затоа што Двата шампионати се важни во моментов. Луис беше одличен, но поенот за најбрз круг кој го освои верстапен не вознемири иако беше одлично што Луис победи.

Добри вести се што болидот е брз и е во добра позиција. Тој ја контролираше трката напред и тоа е добар индикатор за последните две трки – не е целосно задоволен австрискиот шеф на шампионската екипа.

Шампионатот влегува во претпоследната фаза и двајцата возачи и тимови се во жестока борба.

Доколку некој ни каже дека наредната трка е последна, ќе прифатиме. Мислам дека на почетокот не бевме толку добри.

Ова е шампионат кој ќе се заслужи со борба и ме чини многу непреспиени ноќи. Ќе се вратиме посилни следната сезона и во наредните сезони. Мора да форсираме со максимален напад. Тоа ни е работа.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема