Трката во Бахреин номинирана за БАФТА

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Често се зборува дека во Формула 1 има доволно драма за да се сними акционен филм, но се чини дека фановите на тркачката серија не се единствените кои го мислат тоа бидејќи Бахреинското Гранд При од минатата година е номинирано за БАФТА.

Номинациите за овогодинешната БАФТА награди се јавни и трката во Бахреин се најде во спортската категорија. Иако трката не беше нешто возбудлива сепак акцијата беше поради тешкото излетување на Роман Гросжан. Тој за среќа преживеа поради безбедносните мерки кои беа превземени излегувајќи од огромната огнена топка која го зафати неговиот болид.

Претходно номинирани за БАФТА биле Унгарското ГП од 2006 година, трката во Америка во 2005 и трката во Монако во 2004 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема