Турција: Триумф на Ботас по една година пауза

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

По точно една година и 13 денови без победа, Валтери Ботас застана на највисокот скалило на подиумот откако победи на денешното Турско Гранд При.

На второ место завшри Макс Верстапен и си го врати назад водството во возачкиот поредок кое во моментов е 6 поени пред Хамилтон, а третата позиција на Перез во ситуација во која Хамилтон заврши 5ти, ги донесе Ред Бул на 36 поени од Мерцедес.

Шарл Леклер беше единствен топ 5 болид кој не беше Ред Бул или Мерцеде, завшри на 4то место, неговиот колега беше 8ми и со тоа Ферари го намали заостатокот зад Мекларен на 7,5 поени.

Стартот на трката беше мирен, единствено 4то место на Пјер Гасли беше нападнато од Фернандо Алонсо зад него, но французинот од АлфаТаури се најде во сендвич помеѓу Нандо и Чеко Перез, имаше контакт со Алпин болидот и Алонсо се изврте. За овој контакт, Пјер заработи казна од 5 секунди, а Фернандо “падна“ дури на 17то место.

На крајот од вториот круг, “ќарувајќи“ позиција од извртувањето на Алонсо и откако го мина Себастијан Фетел од Астон Мартин, Хамилтон веќе беше 9ти. На седумкратниот првак му требаа дополнителни 6 кругови за да го мине Јуки Тсунода и да дојде на 8мо место, круг подоцна го мина и Ленс Строл за 7ма позиција. Во 11от круг прелесно го претекна и Ландо Норис превземајќи го неговото 6то место, а во 15от круг го “прелета“ и Пјер Гасли и се позиционираше како 5ти.

Карлос Саинз, кој патем на крајот беше изгласан за возач на денот, тргна од 19то место, а веќе во 14от круг откако го претекна Себастијан Фетел беше во поени, 10то место. Претекнувањето над германецот не беше многу чисто, дојде до контакт, стјуардите го разгледаа маневарот, но не казнија никој. Четири кругови подоцна, шпанецот го мина и Тсунода за 9та позиција.

Даниел Рикардо беше прв возач кој се реши за промена на гуми, тоа го направи во 22от круг и монтираше нови интермедиа гуми, а 10 кругови подоцна истото го стори и Фернандо Алонсо на Алпин.

На крајот на 34от и почетокот на 35от круг имаше жестока борба за 4то место помеѓу Мерцедес и Ред Бул, Перез на една страна, а Хамилтон на друга. Се блокираа и истуркуваа од патеката во поселдниот и првиот сектор, но мексиканецот си ја задржа позицијата.

Макс Верстапен беше прв од водечките кој промени гуми, влезе по нови интермедиа во 37от круг и загуби само една позиција од Шарл Леклер. Карлос Саинз го стори истото истиот круг, беше 8ми и “падна“ на 10то место. Промената на возачот на Ферари беше бавна затоа што се вршеа корекции на подот кој беше оштетен од контактот со Себастијан Фетел.

Лидерот Ботас промени гуми следниот круг и загуби позиција само од Леклер, која ја поведе трката, а финецот си ја зачува предноста во однос на Верстапен. Гуми промени и Чеко Перез и загуби позиција од Хамилтон, а Себастијан Фетел се коцкаше, претерано ризикуваше, влезе со интермедиа, излезе со мазни медиум, но откако мина само еден круг се врати во бокс откако целиот грид го претекна.

Пјер Гасли влзезе во бокс додека беше 5ти, но загуби доста позиции затоа што имаше казна од 5 секунди за издржување. Во 42от круг Мерцедес побараа од Хамилтон да промени на нови интермедиа, но тој ги одби и механичарите се повлекоа во гаражата.

Кругот број 49 беше моментот кога по 10-тина кругови водство, Шарл Леклер беше минат од Валтери Ботас. Моначанецот имаше идеја да оди до крајот без да промени гуми, но ризикот беше преголем и следниот круг промени гуми, влезе како второпласиран, а загуби позиција од Верстапен и Хамилтон.

Откако десетина кругови се “инатеше“ со тимот, Хамилтон сфати дека погрешил што не променил гуми и тоа го стори во 51от круг и на тој начин загуби позиција од Ред Бул на Перез и Ферари на Леклер.

Следниот круг Леклер беше жртва на брзиот Ред Бул на Перез кој му го зема последното место на подиумот.

Валтери Ботас беше возачот кој го постигна најбрзиот круг и “ќари“ дополнителен поен.

Ботас победи со двајцата возачи на Ред Бул зад себе, Леклер беше одличен со своето 4то место, а шамионот Хамилтон заврши зад него. Пјер Гасли беше 6ти и покрај казната од 5 секунди, а Ландо Норис беше седмопласиран. Карлос Саинз дојде до 4 поени иако тргна како последен, Ленс Строл беше 9ти, а поен освои и Окон откако одработе 58 кругови со исти сет на гуми.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема