ТЦР Европа, Австрија: Први поени за Давидовски

Викендов на патеката Ред Бул Ринг во Австрија се одржи четвртата трка од ТЦР Европа првенството во кое македонскиот претставник имаше можност да ги покаже своите способности на патека каде пред две недели ги следевме возачите од Формула 1.

Давидовски испорача и стигна до својот прв резултат во поени од првенството, со пласман на 14то место на втората трка во Австрија и 3 поени за себе и својот тим.

Самата трка беше прилично хаотична поради врнежите на дожд, додека сите беа на слик пневматици, а во истата до своја прва победа во првенството стигна Лука Енгстлер.

Во текот на целата трка, серија на грешки, судари и претекнувања постојано го менуваа распоредот. Том Коронел водеше во најголемиот дел, но мораше да служи казна со минување во бокс бидејќи неговиот тим работел на автомобилот на помалку од 5 минути пред почеток на трката.

Иако ја помина финиш линијата на трето место, сепак потоа доби казна од 30 секунди со што конечниот пласман за Коронел беше 18та позиција.

Следна трка во првенството е Ошерслебен во Германија на од 2ри до 4ти Август.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX