- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ТЦР Европа, Белгија: Давидовски 14ти во своето виртуелно деби

По Формула 1, Формула Е и ТЦР Европа тркачката серија го започна своето виртуелно првенство на патеката Спа-Франкошамп во Белгија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

25 пријавени возачи кои учествуваат во вистинското првенствог и покажаа своите способности позади симулаторот, а меѓу нив е и нашиот претставник, Виктор Давидовски од тимот на PSS Racing Team.

Денес бевме сведоци на две виртуелни трки, пред кои што се одржа тренинг и квалификациска сесија. Трките беа во должина од 8 кругови околу историската Спа-Франкошамп, а на двете победник беше унгарецот Даниел Наги со автомобил Хјундаи.

Помалку очекувано, трките беа проследени со повеќе инциденти во виртуелниот свет, најголем дел од кои се случија во првиот свиок и по излезот на О’Руж. Давидовски со својата Хонда беше жртва инцидентите во двете трки, но во втората успеа да ги надмине проблемите и да се пласира на 14то место.

Следниот виртуелен настан од ТЦР Европа првенството ќе се одржи на 13ти Мај во Австрија на патеката Ред Бул Ринг.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Господин претекнувам од надвор – Роман Гросжан

Роман Гросжан имаше одличен старт на Руското Гранд При и мина куп болиди од надворешната страна, нешто што сезонава е заштитен знак на Александер...

РЕЗУЛТАТИ

Русија: Победа за Ботас по 10 секунди казна за Хамилтон

Валтери Ботас победи на Руското Гранд При и трет пат по ред завршува на подиум во Сочи откако неговиот колега, Луис Хамилтон, доби казна...

популарно

Хамилтон под истрага, ќе ја задржи ли пол позицијата ?

Луис Хамилтон доминантно стигна до нова пол позиција на Руското Гранд При, но по крајот на сесијата беше повикан на сослушување кај стјуардите за...