ТЦР Европа: Во 2021, Давидовски и Џиролами ќе возат за PSS Racing Team

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Македонската екипа на PSS Racing Team денес објави дека во сезоната 2021 тимот ќе се прошири со уште еден автомобил и возач покрај нашиот Виктор Давидовски, а тоа е Франко Џиролами.

Франко Џиролами, брат на Нестор Џиролами кој го замени Давидовски минатата сезона поради мерките за патување при Корона вирусот, е повеќекратен шампион од аргентинската тркачка елита.

Со свои неполни 30 години, Франко зад себе брои преку 200 трки, 32 победи, 62 подиуми, 30 пол позиции и многу повеќе што несомнено го рангира меѓу најуспешните на тркачката сцена.

Ланската соработка со браќата Џиролами на ТЦР трките за рекордно кратко време ja вивна високо тимскaтa игра во PSS Racing Team која доведе до фантастични резултати, подиум, и два Јокохама пехари.

За тимот, соработката со Honda и ЈАS Motorsport исто така продолжува, сега двократно посилна.

Премиерно првиот ТЦР настан е закажан на 07/09 мај во Словачка, а подготовките за тимот се веќе во тек.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема