ТЦР Европа, Италија: Давидовски со поени ја заврши сезоната

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сезоната во ТЦР Европа првенството заврши со последните две трки во Италија на легендарната Монца, а нашиот претставник, Виктор Давидовски, има повеќе причини да биде задоволен со своето возење.

Претходно во сезоната, на втората трка во Австрија, Давидовски ги освои своите први поени за себе и екипата на PSS Racing Team, а сезоната ја заврши на најдобар можен начин, со нови поени и конечен пласман на 18то место и 15 освоени поени од вкупно 23 екипи.

Во првата трка во Монца, победата му припадна на Жулиен Брише со своето Пежо кој доминираше во трка со конкуренција од 32 автомобили, во која пак Давидовски се пласираше на 15та позиција.

Во втората неделна трка, Давидовски успеа да го подобри своето веќе одлично возење и се пласираше на 13то место. На истата, беше означен и победникот во првенството, Џон Фајлс, кој ја освои титулата со победа, негова трета во сезоната, пред Жулиен Брише.

Конечниот пласман на Виктор Давидовски во конкуренција на возачи е 33то место.

НАЈНОВО

Цесаре Фиорио објасни зошто преговорите со Фетел се одложени

Себастијан Фетел ќе се надева дека 2020 година ќе биде подобра од 2019 за да заслужи нов договор. Поранешниот спортски директор на Ферари, Цесаре Фиорио,...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Шумахер изгледа различно, смета неврохирург

Според британски Mirror, тајни слики од Михаел Шумахер како лежи во кревет биле понудени за продажба на медиумите по цена од 1,3 милиони американски...