- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ТЦР Европа: Одличен камбек и 4то место за Давидовски во Франција

Виртуелното ТЦР Европа првенство продолжи и денес со две нови трки на патеката Пол Рикар во Франција, а во истите одлични перформанси, брзина и искуство покажа нашиот Виктор Давидовски.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во квалификациската сесија, Давидовски се пласираше на 11та позиција од која стартуваше на првата трка. По добриот старт по излезот од вториот свиок тој имаше контакт со еден од своите ривали и излета надвор од патеката, а по враќањето се најде на 16то место. Сепак, неговата виртуелна Хонда покажа одлична брзина и на крајот во претпоследниот круг, Давидовски го превзеде 11то место, што значеше старт од втората позиција на втората трка, позади Студенич, кој заврши на 12то место и стартуваше од првата позиција поради правилото за обратен поредок.

Во втората трка, Давидовски немаше добар старт и загуби неколку позиции, но повторно со одлично возење се врати на 3то место. Позади него унгарецот Наги заостануваше 2 секунди, но полека почна да ја намалува предност на македонецот.

Во 8от од вкупно 10 кругови, четворица возачи се бореа за првото место и останатите позиции на подиумот. Наги го претекна Давидовски, но не беше толку агресивен кон својот тимски колега и го задржа третото место.

Ова е најдобар пласман за Давидовски досега со одлични поени и добро загревање пред почетокот на вистинското првенство во Август.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Гасли гневен на пласманот

Пјер Гасли не можеше да го скрие разочарувањето во разговорот преку тимското радио со екипата по лошата трка на Силверстон. Упорно бараше објаснување и упорно...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...