ТЦР Европа, Ошерслебен: Давидовски брз, но немаше среќа

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Викендов во Ошерслебен, Германија се одржи петтата трка од ТЦР Европа првенството, во кое Македонија има и свој преставник, возачот на ПСС Рејсинг, Виктор Давидовски.

По првите освоени поени на претходната трка на патеката Ред Бул Ринг во Австрија, Давидовски одлично ги започна тренинг сесиите и во еден момент беше и петти најбрз возач на патеката.

Но и покрај својата брзина, на втората трка, тој беше удрен во задниот дел од својот автомобил што доведе до поголемо оштетување на отворот за издувни гасови. На крајот трката ја заврши на 18та позиција.

Победник на трката беше возачот Алекс Морган од Волф-Пауер Рејсинг, кој стигна до прва победа во првенството. Британецот водеше во целата трка и се одбрани успешно од постојаните напади на Том Коронел.

Следните предпоследни трки од првенството ќе се одржат на 21ви и 22ри Септември на патеката Каталуња во Шпанија, а потоа следуваат последните трки во Италија, на патеката Монца на 12ти и 13ти Октомври.

НАЈНОВО

Цесаре Фиорио објасни зошто преговорите со Фетел се одложени

Себастијан Фетел ќе се надева дека 2020 година ќе биде подобра од 2019 за да заслужи нов договор. Поранешниот спортски директор на Ферари, Цесаре Фиорио,...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Се повеќе гласини дека новиот Ферари “не чини“

Откако инсајдерот и добар познавач на приликите во Маранело, Лео Турини, напиша дека податоците од аеродинамиката на новиот болид на Ферари се лоши, а...