ТЦР Европа, Португалија: Победнички викенд за Џиролами, Коронел и Давидовски

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Новата сезона на ТЦР Европа започна викендов во Портимао, Португалија, а Франко Џиролами, Том Коронел и Виктор Давидовски можат само најзадоволни да бидат со постигнатите одлични резултати во двете трки.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во првата саботна трка, Џиролами заврши на петтата позиција, Давидовски на 13то место со првите поени за нивниот нов тим Comtoyou Racing. Виктор исто така ја освои и првата позиција во Diamond Cup, што е дел од серијата.

Но неделната трка понуди најголема возбуда и успех за нашите преставници. Џиролами повторно од петтата позиција со одлично тркање и маневри се искачи до првото место. Коронел стартуваше од 4то место, но на крај по одлична борба се пласираше на третото место на подиумот. Давидовски стартуваше од 16то место, но можеби ја имаше најдобрата трка до сега во серијата, со одлични претекнувања, борба за на крајот да се пласира на 10то место.

Победата за Џиролами доаѓа со уште поголема радост откако изјави дека очекува ќерка во Понеделник. По трката Франко му се заблагодари емотивно на Давидовски и на ПСС за нивната верба во него и поддршка во неговата кариера.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Следната трка во ТЦР Европа е во Франција, закажана за 21 и 22 Мај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ