ТЦР Европа: PSS Racing со 2 подиуми и 3 трофеи заминува од Нирбургринг

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Македонската екипа на на PSS Racing Team ја бележи својата најдобра сезона досега во TCR Europe првенството, а викендов не беше исклучок од се поголемиот успех на тимот и неговите возачи, Франко Џиролами и нашиот Виктор Давидовски.

Во двете трки одржани на познатата Нирбургринг во Германија, Франко Џиролами во два наврати го постигна второто место, иако со поголем предизвик на втората трка поради стартниот поредок. Неговата тесна борба за титула во првенството против Аскона продолжува и понатаму, а двајцата возачи се далеку на челните позиции пред останатите.

Во вторатаа трка, Давидовски беше навидум “таргет на неискусни возачи околу него“. Дури во два наврати по неговите силни претекнувања тој беше избуткан и половично извртен од патеката на движење, но не се откажа ниту во еден момент и на крајот заслужено го освои новиот и негов трет, дијамант трофеј, со што повторно беше на подиумот.

Франко прелета самоуверено од 9та на 4та позиција, набрзо и на втората, овој пат тој на опашката од Аскона за повторно директен дуел меѓу него и Микел Аскона до последната секунда. И покрај генијалната трка од страна на Џиролами, Аскона повторно се докажа недопирлив и ја утврди својата победа по втор пат викендов, 4та победа за оваа сезона.

Давидовски, после низата контакти, цврсто се враќаше секој пат на патеката завршувајќи ја трката 13ти. Покрај сe’, повторно награда за него, како најдобар во купот Дијамант на Европското првенство во трки оваа сезона.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема