Унгарија: Естебан Окон сензационален победник во Унгарија

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Естебан кон од Алпин е сензационален победник на Унгарското Гранд При откако неговата последна официјална победа беше во ГП3 во 2015 година на трката во Шпанија.

Ултра возбудлива трка донесе победа на французинот пред Себастијан Фетел на Астон Мартин и Луис Хамилтон, во ситуација во која Макс Верстапен успеа да освои само поен за своето 10то место.

Почетокот на трката беше на мокра патека, а во исто време паѓаше ситен дожд. Тоа беше доволно Валтери Ботас да го покаже својот раскошен талент и да уништи четири трки со својот памет. Финецот бавно стартуваше и обидувајќи се да ги врати позициите, со многу разум реши доцна да кочи на мокра и лизгава патека. Удри во задниот дел на Ландо Норис, кој пак се заби во Серхио Перез и Макс Верстапен затоа што не можеше да направи ништо со Мерцедесот буквално влезе во него.

Уште еден талент беше Ленс Строл кој секако дека мислеше оти на дожд е најсилен, удри во Рикардо и ја уништи неговата трка, а и онаа на Леклер кој беше колатерална штета во целата ситуација.

Така, првиот круг заврши, а Перез, Строл, Леклер, Рикардо, Ботас, Мазепин беа надвор од трка. Никита се повлече откако влезе во бокс, а потоа беше удрен од Кими Раиконен кој беше небезбедно пуштен по промената на гуми и заработи 10 секунди казна.

Трката беше прекината, црвеното знаме стапи на сила, но Ред Бул се “зезнаа“ откако претходно решија да го внесат Макс во бокс. Рестартот по црвеното знаме беше од место, а сите болиди решија да влезат во бокс претходно по мазни гуми, сите освен Хамилтон и Мерцедес кои ризикуваа и страшно промашија, што ги чинеше победа на трка.

Малерот наречен Џорџ Расел на трка почна во 4от круг со дупната гума, а по промената Џорџ беше надвор од поени, во ситуација кога неговиот колега беше 4ти. Расел преку радиото побара од тимот да му каже што може да направи за да му помогне на својот колега за колку што може подобар пласман.

Круго број 14 беше моментот кога Верстапен го мина Мик Шумахер за 10то место, но маневарот не беше воопшто лесен, холаншанецот се изнамачи.

Во 20от круг Хамилтон влезе во бокс и загуби само една позиција, го повлече Макс по нови гуми следниот круг и Ред Бул направија превид и се вратија позади британецот на патеката. Во 27от круг Луис веќе го минуваше Латифи за 7мо место, 5 кругови подоцна и Тсунода за 5то откако Латифи влезе во бокс и си ја загуби позицијата.

Карлос Саинз влезе по нови медиум во 33от круг и загуби само една позиција од Фернандо Алонсо кој возеше многу долга серија. Три круга подоцна и Фетел влезе по нови гуми и тој загуби место од Нандо. Лидерот Естебан Окон промени слендиот 37ми круг, по што неговиот колега ја поведе трката, но два круга подоцна и тој зема нов сет гуми.

Откако долго време се мачеше да го мине Даниел Рикард, Верстапен се реши да промени на нов сет медиум во 41от круг и загуби едно место.  Во 61от круг конечно го мина Мекларен и доби поен на крајот.

Луис Хамилтон се реши за нов сет во 49от круг и загуби позиција во корист на Алонсо, место кое 10-тина кругови макотрпно се бореше да го поврати и едвај успеа во 65от круг откако шпанецот погреши на првата кривина. Два круга подоцна, Луси го мина и Ферарито на Саинз за 3то место на кое финишираше.

Пјер Гасли промени гуми на два круга пред крајот и го освои поенот за најбрз круг.

Прва победа за Окон во кариерата, а веќе втор подиум за Фетел годинава во ситуација во која Хамилтон мака мачи да стигне до својот 100ти триумф во кариерата. Ферари со Саинз бе 4ти пред фантастичниот денеска Фернандо Алонсо.

Пјер Гасли кој добие поен за најбрз круг финишираше на 6то место пред својот колега во трка со фантастични двојни поени за АлфаТаури. Вилијамс феноменално со двојни поени, Латифи 8ми, Расел 9ти и конечно во поени за Вилијамс по три години. Верстапен последен 10ти.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема