- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Унгарија: Рекордна победа на Луис Хамилтон

Луис Хамилтон го превзема лидерското место во возачкиот поредок со 3та последователна победа на Хунгароринг, нешто што не му успеало на никој пред него и 8ма на таа патека со што го изедначи рекордот на Шумахер од толку победи на иста патека.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Актуелниот првак победи на местото каде дојде до првиот триумф за Мерцедес во 2012 година, а зад него беше Макс Верстапен кој го унити предното крило на пат кон стартот, но механичарите успејаа да ја санираат штетата, а холанѓанецот да биде безгрешен. Најниското место на подиумот му припадна на вгориот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, чија трка почна со многу проблематичен старт.

Во пресрет на почетокот на трката врнеше и патеката беше влажна, но брзо се сушеше, по што сите решија да стартуваат на интермедија гуми. Единствено Хаас крајот на загревачкиот круг го завршија во боксот и променија на мазни гуми, нешто што им се исплатеше.

Стартот беше проблематичен, Валтери Ботас прерано тргна и направи таканаречен jump start, но од причини познати на стјуардите не доби казна за очигледниот прекршок, иако по првиот круг падна на 6то место.

Хамилтон тргна безгрешно, Строл си го зачува своето место за разлика од неговиот колега кој потона во поредокот, а потоа следуваа Верстапен, Фетел и Леклер, кои тргнаа фантастично на влажната патека по гаснењето на црвените светла.

Во 3от круг на мазни гуми први променија Ботас и Леклер, но додека Валтери монтираше медиум, Шарл мина на софт, нешто за што подоцна многу се покаја. Следниот круг и останатите возачи променија, но Макс Верстапен почека уште еден круг што беше одлично затоа што ја избегна гужвата во гаражата и излезе на чиста патекаа единствено со Луис пред себе.

Промената кај Фетел беше проблематична затоа што тој се задржа 9,2 секунди поради проблем со промена на задното лево тркало. По промената на мазни гуми Хамилтон поведе пред Верстапен, а потоа двата болиди на Хаас пред Строл, Леклер, Ботас, Перез и Фетел.

Во 7от круг Строл го мина Гросжан за 4то место, позиција на која и ја заврши тракта, иако 9 кругови подоцна го мина и Магнусен за подиум позиција.

Во 10от круг подоцна Валтери го претекна Леклер за 6то место, а по два круга и Гросжан позиционирајќи се на 5та позиција. Но, неговиот напредок не престана затоа што во 17от круг го мина и Магнусен за 4то место.

Кругот број 16 беше моментот на единственото откажување од трката кога Пјер Гасли го паркираше својот АлфаТаури Хонда во боксот откако излегуваше чад од моторот кој јапонците го вградија во пресрет на трката.

Ферари и Ред Бул имаа дуел на патеката, а по неколку кругови следење Албон во 18от круг го мина Шарл Леклер за 7мо место во момент кога возачот од Монако се жалеше на очајно лошитесофт гуми. Следуваше круг во кој Ферари реши да ги ротира возачите и Ветел мина пред Шарл.

Истиот круг прв по втора промена на гуми во гаража влезе Леклер и монтираше хард, а во 30от круг тоа го направи и неговиот колега.

Следуваше период на промена на позиции и менување гуми, Албон го мина Гросжан за 6то, Перез го мина Гросжан за 7мо, Леклер и Норис жестоко се тркаа за 13то.

Во 34от круг Ботас промени на медиум, по него и Верстапен но на хард, а последен Хамилтон исто така на медиум како и својот колега.

Саинз го мина Леклер на 61от круг за последниот поен на трката, Хамилтон промени гуми на 4 кругови пред крајот и нападна и освои поен за најбрз круг, додека Албон му го одзеде 5то место на Себ на три кругови пред крајот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Гасли гневен на пласманот

Пјер Гасли не можеше да го скрие разочарувањето во разговорот преку тимското радио со екипата по лошата трка на Силверстон. Упорно бараше објаснување и упорно...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...