Успехот на PSS Racing докажан: Давидовски со Diamond Cup титула, Џиролами вицешампион

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Изминатиов викенд на патеката Каталуња во Барселона, Шпанија, заврши сезоната за 2021 година во ТЦР Европа првенството, а македонската екипа на PSS Racing и тоа како има основа за голема прослава.

По големите битки на патеката, по големите битки надвор од неа во време на Корона вирусот и неможност за патување и учество на одредени трки поради мерките на локалните власти во тие држави за Виктор Давидовски, македонскиот тркач го освои Diamond Cup во истата серија кој е наменет за возачи на 40 годишна возраст, додека извондредниот Франко Џиролами, вториот возач на PSS Racing, иако борејќи се до самиот крај против неговиот главен ривал Микел Аскона, го задржа второто место во серијата како вицешампион за 2021 година.

Оваа сезона беше несомнено најуспешната за тимот кој по повеќе годишна поддршка од ЈАС Моторспорт и Хонда, се појави на патеката годинава со два одлично подготвени и конкурентни автомобили, подготвени за напад кон највисоките позиции. Прикажаниот резултат во текот на овогодинешниот календар укажува на се поголеми подвизи во иднина за тимот и возачите, од кои се очекува уште поголем притисок на самиот врв во 2022 година.

Покрај Џиролами како вицешампион, Давидовски ја заврши сезоната со освоени 95 поени и 16-та позиција во генерален пласман од 26 конкуренти, додека во тимска конкуренција PSS Racing освои 484 поени и заврши на петтата позиција од 14 тимови.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема