0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Ферари го брани Маси: Тој ја имаше најтешката работа на светот

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Од Ферари дадоа свое мислење за завршницата на минатата сезона и одлуките на Мајкл Маси на последната трка, Големата награда на Абу Даби на Јас Марина. 

Матиа Биното го одбрани Мајкл Маси околу контроверзната одлука за крајот на трката во Абу Даби изјавувајќи дека тој ја имал најтешката работа на светот во тој момент.  Одлуката на Маси откако тој реши да ја рестартира трката со само еден круг до крајот предизвика контроверзија затоа што Верстапен го престаса Хамилтон со што дојде до победата и ја освои првата титула. 

Каква одлука и да се донесеше, сепак некој ќе биде среќен, а некој не. Мислам дека маси ја имаше најтешката работа на светот.

Најважно е да се научат лекциите. Мислам дека тоа ќе се случи на Формула 1 комисијата каде ќе се дискутира ова и што да се подобри во иднина. Тоа е барање од светскиот мотор спорт совет.

Како Ферари, би сакале да седнеме со другите шефови на тимови, ФИА и Формула 1 и да донесеме одлука. Нема да ги судиме одлуките бидејќи тоа е погрешно. Мислам дека имало причини зошто се донело таква одлука – објасни швајцарксиот инженер, шеф на славната екипа од маранело.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...