Ферари го решиле проблемот со болидот

Познатиот Лео Турини, инсајдер со темелно познавање на состојбите во Ферари, откри дека во Маранело се на вистински пат со својот болид откако минатиот месец се појавија шпекулации дека податоците кои ги добивале од воздушниот тунел биле незадоволителни за инженерите на тимот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Годинава правилата не се променети, а стабилноста им дава можност на екипите да создаваат еволуција на ланските болиди за 2020 година, но не и Ферари кои се решија на промена на филозофијата на болидот и радикален концепт на дизајн.

Италијанците се одлучија да го копираат high-rake концептот на Ред Бул односно болид со голема накосеност, висок заден дел и низок преден дел. Скудерија се надева дека на тој начин ќе минуваат побрзо низ кривините откако лани покажаа дека на правците се недостижни.

На својот Quotidiano блог, Турини напиша:

индикациите од минатата недела се повечќе охрабрувачки и за сега се е добро и без проблеми, но како што реков, има време. освен резултатите целта е да се има константна машина која што нема да има променливи перформанси во зависност од патеката.

Ферари се прва екипа која на 11 Февруари ќе го промовираат својот болид.

НАЈНОВО

ФИА ја продолжи задолжителната пауза

Меѓународната автомобилистичка федерација ја продолжи задолжителната пауза во која фабриките на екипите мораат да останат “под клуч“ поради пандемијата со Ковид-19. Откако беа откажани првите...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...