0 ден

Нема производи во кошничката.

Ферари и ФИА се договориле околу моторите

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ферари и ФИА се договориле околу новите правила за мотори по 2026 година, така што славниот тим и знак препознавање на тркачката серија и во иднина ќе остане дел од спортот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Италијанците се закануваа дека ќе го искористат своето право на вето доколку Ред Бул Пауертреинс добие третман на нов производител со дополнителни користи. Поради тоа, Скудерија сеуште се немаше обврзано на учество во тркачката серија согласно новите правила за мотори кои треба да стапат на сила од 2026 година.

Ред Бул Пауертреинс во моментов ја користи интелектуалната сопственост на Хонда и на таа основа го прави моторот со кој се трка и поради сето тоа во Маранело сметаа дека тие немаат основ да бидат нов производите.

тоа би било како алфа ромео да ја купи нашата интелектуална сопственост за сегашниот мотор, да искористи се и да добие третман на нов производител три години. на тој начин ние ќе купиме мотор од нив и само ќе го ребрендираме тркајќи се со агрегат кој никој нема да може да го стигне.

правилата не беа договорени за тоа. новите производители се компании кои “од нула“ влегуваат во спортот, како ауди или порше, кои немаат искуство со омтори со сегашните правила – велат од ферари.

Поради тоа што се немаше обврзано на новите правила, Ферари немаше пристп до состаноците на кои се разговараше за новите мотори, но според италијанска Corriere dello Sport, италијанците постигнале прелиминарен договор, кои се шпекулира дека им носи одредени користи на нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ