- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ферари најавува огромна загуба

Извршниот директор на Ферари, Луис Камилери, изјави дека загубата поради одложувањето на Формула1 трките за нив се мери во десетици милиони. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Приходите на Ферари за вториот квартал се намалени од 984 милиони евра за минатата година на 571 милиони евра за 2020 година. Од тоа, спонзорските, комерцијални и бренд приходи се намалени од 131 милиони на 83 милиони евра. 

Тимовите оваа година ќе примат помала награда на крајот поради намалениот фонд, а Камилери предвидува дека и таму ќе има голем удар. 

Формула 1 оваа година ќе има најголем удар врз приходите кои ги добиваме како и спонзорствата. Јасно е дека се работи за десетици милиони.

Ќе видиме како ќе биде наредната година, Треба да е подобро  кога ќе имаме полн календар и ќе ги добиеме полните средства. Тешко е да се спореди 2020 година со 2021 година, Но дефинитивно ќе биде различно – најави главниот извршен директор на компанијата.

Камилери се осврна и на изјавата на Џон Елкан, кој најави дека Ферари ќе се врати на победите дури во 2022 година. 

Без сомнение ова е тешка сезона за нас бидејќи ни недостасуваат перформанси. Нашите конкуренти и Мерцедес се силни и им симнуваме капа.

Ве уверувам дека тимот работи деноноќно да го среди болидот и Веруваме дека можеме да го направиме тоа. Имам потполна доверба во Матиа, но Како што кажа Џон треба време. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...