Ферари открија каде ќе возат нивните јуниори

Скудерија Ферари го откри распоредот на своите јуниори во Формула 2 тркачката серија така што Мик Шумахер ќе остане во Према, но колега ќе му биде Формула 3 првакот Роберт Шварцман, додека Маркус Армстрон ќе се трка за АРТ.

Годинешниот Формула 2 дебитант, Калум Илот, возачот кој имаше пол позиција и подиум за тимот на Заубер, ќе се премести ви Виртуоси Рејсинг, екипа која е втора во тимскиот поредок во пресрет на последниот тркачки викенд.

Шварцман ќе вози за Према заедно со Мик Шумахер, а возачот зад себе сем Ферари ја има поддршката и од СМП Рејсинг, додека второпласираниот во Формула 3, Маркус Армстронг ќе вози во тимот каде до титули дојдоа Џорџ Расел и Ник де Вриес минатите две години.

Џулиано Алеси, синот на Жан Алеси, ќе вози за новиот ХВА тим кои го превземаа Арден Формула 2 еимот, а колега ќе му биде Артем Маркелов.

Од Према прекуброен ќе стане Жон Гелаел, но веројатно тој ќе потпише за ДАМС и ќе вози крај Дан Тиктум.

НАЈНОВО

Рикардо им “спушта капа“ на Мерцедес за иновацијата

Даниел Рикардо ја пофали Мерцедес што продолжиле со огромен напредок и новитети во Формула 1 за време на предсезонските тестови. DAS системот доведе до многу...

популарно

📷 Ред Бул РБ16 подготвен да нападне за титула

Ред Бул го покажа, иако само на слика преку Интернет, својот најнов РБ16 болид со кој се подготвуваат да нападнат за титула.