- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ферари со иновативен мотор за 2021 под име “суперфаст“

Во шест месеци минатата година Скудерија Ферари стана од екипа со најсилен мотор во екипа со најслаб мотор на гридот, а причината за тоа никогаш не е откриена, но се претпоставува дека агрегатот на италијанците за 2019 година не беше баш најлегален.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поради тоа, во Маранело на големо се работи за да се надоместат тие загуби кои ја уништија оваа сезона.

Motorsport.com пренесува дека Ферари сакаат драстично да го подобрат Системот за повраток на енергијата односно неговиот топлински МГУ-Х дел и да инсталираат помал турбо полнач и иновативен интеркулер. Сепак, најголемата промена се очекува во моторот со внатрешно согорување, срцето на секој агрегат.

Ферари развива мотор со многу брз процес на согорување и поради тоа го крстија “суперфаст“. Поради техниката која ќе се користи, соготувањето е на рангот на дизел моторите, горивото влегува во моторот многу побрзо и многу поефикасно што резултира со разлика во моќта.

Со цел таквиот систем оптимално да работи, влезовите и излезите од моторот мора да бидат подесени за воздухот да може побрзо да циркулира низ целиот систем. Со овие новини не треба да има никакви проблеми во однос на изджливоста.

Фериари и покрај ваквата иновативна технологија не сметаат дека ќе дојдат на ниво на Мерцедес, но сметаат дека ќе го намалат заостатокот кој го имаат сезонава.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно