Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски сили повеќе од претходниот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Централата на Скудерија во Маранело беше затворена откако од месец Март Италија беше жестоко погодена од пандемијата на Ковид-19, но пред една недела фабриката отвори, а тимот официјално продолжи со работа.

со три смени во текот на дено, ферари се надеваат дека ќе напреднат со својот мотор. ќе биде убава предност ако последната вервија на моторот може да дебитира во австрија затоа што развојот последнава недела може да има донесе околу 20 коњски сили повеќе одошто до сега – велат во La Gazzetta dello Sport.

Весникот пренесува дека дополнителната моќ е добиена од новата глава на цилиндрите која е многу подобро оптимизирана на мешавината од гориво и кислород. Исто така италијанците се очекува да имаат и нов софтвер кој ја регулира работата на моторот и ревидирана аеродинамика особено преден нос и вшмукувачи за воздух.

НАЈНОВО

Гасли ќе се откажел по само 10 круга

Пјер Гасли изјави дека речиси ќе се откажел од Австриското Гранд При по само 10 круга на Ред Бул Ринг поради проблем...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на...