0 ден

Нема производи во кошничката.

Ферари ја претстави својата Академија за сезонава

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ферари ја претстави својата Академија за млади возачи за 2023 година во која ќе има дури 7 дебитанти во различни категории од вкупно 8 членови на истата.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шестмина се веќе членови на ФДА од лани, а двајца дебитанти почнуваат во Маранело од годинава, тоа се финецот Тука Тапонен кој победи на ФДА Скаутинг финалето како и бразилата Аурела Нобелс поја победи на ФИА жени на патеката програмата. Двајцата ќе се тркаат во Формула 4 сезонава заедно со Џејмс Вартон кој од лани е дел од Академијата.

17-годишнот Рафаел Камара и 18-годишниот Маја Вог ќе напреднат едно ниво и сезонава ќе се тркаат во Европсата Формула 1 регионална серија. Првакот во таа серија, Дино Беганович, исто така штитеник на Ферари, ќе напредне во Формула 3 и ќе се трка за Према со цел да освои титула уште во дебито во серијата.

Оливер Барман, возачот кој лани се бореше за титула во Формула 3 заедно со Артур Леклер, ќе дебитираат во Формула 2. 17-годишниот Барман ќе си остане во Према, додека Артур ќе промени екипа и ќе вози за ДАМС.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ