Фетел: Бев целосно искрен кога реков дека сезонава не сум доволно добар

Себастијан Фетел откри дека бил целосно искрен кога изјавил дека годинава не бил доволно добар односно не бил на неговото препознатливо ниво.

Четирикратниот шампион победи на само една трка сезонава и заврши на 5то место кај возачите, негов најлош резултат од доаѓањето во Ферари на почетокот на 2015 година. Неговиот млад колега, Шарл Леклер, во својата прва сезона во тимот успеа да победи на три трки и да финишира на 4то место во возачкиот поредок.

По финишот на 5то место на последната трка возена во Абу Даби, Себастијан изјави оти е свесен дека годинава не бил доволно добар и не бил на потребното ниво.

бев искрен кога ги проценив моите перформанси сезонава. не чувствувам дека го направив тоа што можев и требаше да го направам. мислам дека сум во спортот доволно долго за искрено да признаам дека требаше да бидам подобар.

знам дека можам повеќе и јасно е дека пред се вината ќе ја барам кај себе и ќе анализирам се што погрешив и каде можам да се поправам. мислам дека има работи кои можам да ги направам подобро и морам да се корегирам догодина – најави себастијан.

Фетел се изврте под притисок на Луис Хамилтон во Бахреин, трка на која Шарл Леклер водеше и не победи поради дефект во моторот. Следуваше Канада каде Себ направи грешка притиснат исто така од Хамилтон, додека на Силверстон се удри во Макс Верстапен и тоа доста аматерски.

Следуваше Монца каде непречен од никого германецот се изврте на Аскари и сосема небезбедно се врати на патеката имајќи при тоа контакт со Ленс Строл, а победи во Сингапур иако имаше помош од тимските наредби кои го фаворизираа наместо неговиот колега. Последен во низата инциденти беше сударот од Бразил по кој ниту еден болид на Ферари не ја заврши трката.

секогаш се работи за детали и мали прилагодувања кои не се ништо спектакуларно. не треба да возам поинаку, да го менувам стилот. знам да возам и јасно е дека треба заедно да работиме и да го подобриме болидот за да го направиме подобар за сите. како што спомнав, знам дека од надвор изгледа поинаку.

не ја правам истата работа како пред 10 години, еволуирав и мислам дека тоа го направив кон подобро, но секако дека постојат работи кои можам да ги напреднам.

Германецот смета дека не му било од помош тоа што италијанците бавни стартувале во сезоната и имало трки каде СФ90 болидот едноставно не бил на ниво на конкурентите од Мерцедес.

првата половина од сезоната ја минавме наоѓајќи начин да сфатиме каде губевме и како да донесеме перформанси, ни требаа точни одговори во врска со тоа што ни недостасува и пробувавме многу работи.

ништо страшно, ништо големо, но мислам дека начинот на кој возам може да се подобри и знам дека направив некои грешки. пристапот може да ми е подобар, има ситници..

НАЈНОВО

Шасијата на Алфа Ромео “падна“ на краш тестот

Алфа Ромео немаа успешен прв краш тест пред почеток на новата сезона во 2020 година. Според германскиот Motorsport-Magazin, од шасијата “не останало ништо“ и тие...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Колку чини Ф1 болид за цела сезона?

Сезоната во Формула 1 за 2019 година заврши, но тоа не значи дека нема интересна содржина која може да се сподели. Со вас ќе споделиме...