Фетел и Шумахер, нов тандем во Трката на Шампионите

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Себастијан Фетел и Мик Шумахер ќе ја претставуваат Германија на Трката на Шампионите. 

Возачот на Астон Мартин и младиот возач на Хаас се последните возачи кои се пријавија на настанот кој ќе се одржи во Шведска по две години пауза. Фетел и Шумахер беа учесници на трката во 2019 година, Фетел има шест последователни победи од 2007 до 2012 година кога партнер му беше таткото на Мик, легендариниот Михаел Шумахер. 

Со нетрпение чекам да се натпреварувам на Трката на Шампионите заедно со Мик. Ова е силно натпреварување каде нордиските возачи ќе бидат подобри поради поголемото искуство на снег и мраз. 

Шумахер додаде: 

Ќе продолжиме да бидеме успешни со тимот Германија и ќе се бориме за победа. Сите тимови, а посебно нордиските имаат поголемо искуство, но ќе се обидеме да имаме многу мотивација во текот на трката. Секако сакам да поиминам доста време со другите возачи за време на трката. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема