0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Фетел: Климатската криза ме тера да мислам за откажување од Ф1

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Себастијан Фетел вели дека тековната климатска и енергетска криза со која се соочува светот го тера да се запраша дали треба да се трка во Формула 1.

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Фетел, се појави на британската телевизиска програма “Време на прашања“ во четвртокот навечер за да разговара за голем број актуелни политички и глобални прашања, ставајќи силен акцент на енергетската криза. Германецот се појави како важен глас во мотоспортот во последниве години за климатските прашања со кои се соочува светот, како и за други важни општествени и политички прашања како што се правата на маргинализираните заедници и тековната војна во Украина.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

За време на шоуто, Фетел ја истакна важноста земјите да не зависат од единствено снабдување со енергија, наведувајќи ја зависноста на Германија од руската енергија и позицијата со руската инвазија на Украина во Февруари. Кога водителот на емисијата му посочил на Фетел дека возел во спорт кој зависи од гориво, тоа наиде на смеа кај публиката.

Запрашан дали трките во Формула 1 го направија лицемер кога требаше да ја нагласи потребата од заштеда на енергија, Фетел одговори:

Тоа ме прави и во право си кога се смееш, бидејќи има прашања што си ги поставувам секој ден.

Јас не сум светец. Многу сум загрижен кога станува збор за иднината, така што овие теми се однесуваат на енергијата, енергетската зависност и каде одиме во иднината – објасни себ.

Фетел додаде дека тоа е нешто што се прашува себе си и дали треба да се трка и да патува низ светот.

Има одредени работи кои се во моја контрола, а некои не се. Моја страст е да возам болид и тоа го сакам И секогаш кога ќе стапнам во автомобил, ми се допаѓа.

Кога ќе излезам од болидот, се разбира дека и јас размислувам дали ова треба да го направиме? Патуваме низ светот, трошиме ресурси?

Но, Фетел, исто така, ја истакна важноста на спортот како извор на забава, верувајќи дека луѓето веројатно ќе полудат без работи за уживање.

Има многу прашања што си ги поставувам. Има многу работи што ги правам затоа што чувствувам дека можам да ги направам подобро. Дали треба секој пат да користам авион? Не, не кога можам да го  земам автомобилот. Има одредени работи во моја контрола и одредени работи надвор од моја контрола.

На Фетел на панелот “Време на прашања“ му се придружија конзервативната пратеничка и државен обвинител Суела Браверман, пратеничката од лабуристите Шабана Махмуд, економистот Миата Фанбулех и комичарот Џеф Норкот.

Тие одговараа на прашања од публиката за повеќе теми, вклучително и кризата на трошоците за живот, протоколот за Северна Ирска од договорот за Брегзит, апликацијата на Финска во НАТО и скандалот “Партигејт“ што го зафати британскиот премиер Борис Џонсон.

Фетел ја истакна хуманитарната криза во Украина како клучно прашање што нациите мора да го решат, како и дека владата на Британија мора да се справи со последиците од притисокот за финализирање на договорот за Брегзит. Во врска со кршењето на законот од страна на “Партигејт“ и Џонсон за време на заклучувањето, Фетел рече:

Мислам дека кога сте во таа позиција, има одредени работи што едноставно не можете да ги преземете.

На крајот, премиерот е тој што го донесе законот, а потоа го крши законот. Јас само размислувам, ако сум татко на три деца и се обидувам да им објаснам нешто што мислам дека е навистина важно за тоа како да се однесуваат, а го правам сосема спротивното, што мислите дека тие би направиле? Јас сум тогаш најмалку веродостојната личност пред нив.

Сите ние грешиме, сите сме луѓе, Но има само одредени работи што мислам дека доаѓаат со канцеларија или со таа работа што не можете да ги правите.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Фетел: Безбедносното возило ни ја уништи стратегијата

Себастијан Фетел откри дека стратегијата на Астон Мартин била уништена со двете виртуелни безбедносни возила поради тоа...

Фетел возврати на коментарите од политичарите

Откако министерот за енергетика од Алберта го нарече Фетел хипокрит поради носење маица за забрана на дупчење...

Астон Мартин збунети од губењето на брзината на квалификациите

Себастијан Фетел и Ленс Строл изјавија дека не разбираат зошто им недостасуваат перформанси на квалификациите во Канада.  Фетел...