- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Фетел не би ги одбил Мерцедес

Себастијан Фетел признава дека не би одбил понуда од Мерцедес, седумкратните последователни двојни Формула 1 прваци.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Откако Скудерија Феерари решија да не го продолжат неговиот договор во иднина, тој ја прифати понудата на Рејсинг Поинт кој ќе се ребрендира во Астон Мартин за 2021 година.

Размислував да ја завршам кариерата, но мислам дека сеуште имам што да понудам. Ги познавам Лоренс Строл и Отмар Шафнауер долго време. Ми пријдоа во падокот и ми понудија опција. Не е никаква тајна – откри себ.

Фетел не крие дека приказната со Ферари е завршена, но за тоа не обвинува никого. 

Не би сакал да ги обвинам Ферари, го имам болидот и го знам однесувањето уште од 16 години. Најдоброто Ферари беше во 2017 година. Ни недостасуваше сила на квалификациите иако често бевме пред Мерцедес. Имавме добри и лоши моменти – се присетува германецот.

Фетел не пропушти да искоментира и за тврдењето на Верстапен дека 90% од возачите би победувале и освојувале титули со Мерцедес.

мислам  дека е тешко да се каже тоа. Мерцедес имаат одличен болид и тимот е многу силен, а Луис го користи тоа. Некои возачи можно е да успеат во истото, но не е сигурно.

Луис го прави тоа секој викенд и јасно ја покажува силата. Доколку имав шанса да возам Мерцедес, немаше да кажам не. Во моментов никој не би ги одбил Мерцедес и сигурно би се потрудил да му парирам на Луис, Но мора да го прашате и него дали го сака тоа. Мислам дека има голема почит помеѓу нас. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно