- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Фетел огласи осум свои супер-автомобили на продажба

Себастијан Фетел спроведува “зимско чистење“ на својата гаража и огласи дури 8 автомобили од својата колекција на продажба.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Иако четирикратниот шампион е еден од најтаинствените возачи на гридот, никогаш не ја криел својата страст и љубов кон автомобилите. Во Септември лани тој го купи Вилијамс ФВ 14Б болидот на Најџел Мансел. Најави и дека сака да си купи легендарно Ферари Ф2004, болид со кој Михаел Шумахер “газеше“ во Формула 1 и сето тоа по возењето на тој модел за време на Гранд При трката во Муџело.

Tom Hartley Jnr, дилерот на супер луксузни автомобили огласи осум автомобили сопственост на Себастијан Фетел, а дури 5 од нив се модели на неговиот поранешен тим, Ферари.

Автомобилите Ферари Ф50 од 1996 година и Ферари ЛаФерари од 2016 година веќе се продадоа, но Ферари Енцо од 2004 година, Ферари 458 Специале од 2015 година и Ферари Ф12тдф од 2016 година сеуште може да се купат ако имате доволно пари.

Германецот огласи и неколку Мерцедеси, еден е СЛ65 АМГ Блек од 2009 година кој му беше подарен по победата на Големата награда на Абу Даби во 2009 година, потоа Мерцедес СЛС АМГ од 2010 година кој беше официјално Безбедносно возило во спортот. Двата модели со “сребрена стрела“ имаат цени од 275 илјади фунти и 175 илјади фунти соодветно.

Последниот автомобил кој Себ сака да го продаде е БМВ З 8 Роадстер од 2002 година, познат по Светот не е доволен Џејмс Бонд филмот и се проценува на околу 175 илјади деолари.

Портпаролот на Фетел, Брита Роске, не сакаше да открие причини за продажбата.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно